5-те најдолги ТВ серии на сите времиња!

Телевизијата е многу натпреварувачко место овие денови. Тешко е да најдете серија која е доволно добра за да „преживее“ повеќе од 5 сезони. Но, некои серии успеале да продолжат со емитување дури и подолго од предвидувањата. Погледнете ги 5-те серии кои најдолго се емитуваат.

1. Симпсонови (The Simpsons)

(1)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mk

Овој анимиран ситком допре до насловните страници со неговата 600-та епизода од 28-та сезона. Телевизијата најави дека серијата ќе има уште барем 2 сезони, 29 и 30. Со ова бројот на епизоди ќе достигне до 669 и ќе ја направи серијата најдолга на сите времиња.

2. Гансмоук (Gunsmoke)

(2)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mk

Оваа вестерн серија била во етер од 10-ти септември 1955, до 31-ви март 1975 година. Ѕвездите Џејмс Арнес и Милбурн Стоун ги играле главните улоги во сите 20 сезони. За време на овие две децении, биле снимени 635 епизоди, и ова ја прави втората најдолга серија после Симпсонови.

3. Закон и ред (Law & Order)

(3)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mk

Премиерата на оваа серија била во 1990 година, а последната 20-та сезона била емитувана во мај, 2010 година. Оваа серија е најдолгата криминална драма. Бидејќи епизодите на Гансмоук се по 30 минути, всушност Закон и ред е најдолга серија според времетраење бидејќи нејзините епизоди траат по 1 час.

4. Саут Парк (South Park)

(4)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mk

Саут Парк дебитираше во 1997 година со многу голем успех. Серијата досега има 20 сезони и 277 епизоди. Но изгледа ќе има уште за гледање. Оваа анимирана серија е обновена за уште три сезони што ќе излегуваат најмалку до 2019 година. Иако ќе има повеќе сезони од Гансмоук и Закон и ред, секоја сезона има помалку епизоди, па затоа се наоѓа на четвртото место.

5. Закон и ред: Оддел за жртви (Law & Order: SVU)

(5)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mk

Овој спин-оф од оригиналната серија ја доживеа својата премиера во 1999 година и досега се излезени 18 сезони. Бидејќи повеќето сезони имаат околу 24 епизоди, до крајот на 18-тата сезона ќе има 400 епизоди. Со оглед на тоа што рејтингот на серијата е висок, а нејзиниот крај не е на повидок, постои можност таа да се искачи повисоко на оваа листа.

Поглднете ги и овие криминалистички серии кои се издвојуваат од останантите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар