Во теретана ќе сретнете најразлични луѓе, секој дојден со своите цели, со своите потреби и свои размислувања. Секој од нив скришно погледнува во другите, ги анализира и размислува за нив. Еве како еден стрип уметник гледа на тоа.
Крупниот: „Би сакал да изгледам нормално како оној. Сигурно е среќен.“Нормалниот: „Би сакал да ги загубам 'љубовните рачки' како оној со рамен стомак. Се обложувам дека се чувствува сигурен.“Тој со рамниот стомак: „Посакувам да имам огромни мускули како оној мускулестион тип. Сигурно девојките чекаат во редица за да излезат со него.“Мускулестиот: „Би сакал да знаев да кажувам паметни работи како оној. Сигурен сум дека колегите на работа го почитуваат.“ Паметниот со брада: „Да добивав паричка секогаш кога некоја девојка ќе ми кажеше дека сака да води љубов со мојата брада... сега ќе имав четврт долар.“ Паметниот без брада: „Хи, хи!!! Тоа би биле пет пати.“Паметниот со брада: „Би сакал да можев да ѝ пријдам на онаа девојка, да флертувам со неа и да ѝ зборувам толку смешни работи што, тука и веднаш, би ми дозволила да се фрлам во нејзините гради. Сигурно и таа сака да зборува со мене.“ Полничката девојка со големи гради: „Те молам, те молам не зборувај ми. Овде сум дојдена да вежбам, а не да барам дечко.“Полничката девојка со големи гради: „Посакувам да изгледав како онаа витка, изгладнета, потемнета девојка. Сигурно се чувствува совршено.“Изгладнетата, потемнета девојка: „Би сакала да изгледав скромно како онаа девојка. Таа сигурно не привлекува дибеци.“
Стариот: „Би сакал сите овие будали да престанат да гледаат еден во друг и да си одат дома. И онака еден ден ќе им паднат градите како на мене.“