Звучи лудо но не е: Зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазик

И покрај тоа што мислите дека вашето бебе не ве разбира кога нешто му зборувате, стручните лица сметаат дека треба да му зборувате дури и на странски јазик.

Звучи лудо но не е: Зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазик

Звучи лудо, но не е. Ако бебето во првите девет месеци дојде во контакт со друг јазик, подоцна ќе го научи многу побрзо и полесно.

Психолозите од Универзитетот Бристол во Англија откриле дека додека се развива, мозокот поминува низ таканаречената фаза на програмирање, па детето во тој период стекнува способност за препознавање на клучните звуци од јазикот, а тоа најмногу се однесува на мајчиниот јазик.

Доколку бебето сè уште се нема сретнато со странски јазици, во подоцнежниот период потешко ќе го совладува изговорот на непознатите зборови. Па затоа, ако сакате на вашето дете учењето странски јазици да му оди лесно, почнете на време, уште додека е бебе.

Сигурно сакате да се грижите најдобро што знаете и умеете за вашето бебе. Проверете и колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар