Зошто животот е толку многу комплициран?

Зошто животот е толку многу комплициран?

Одвреме-навреме секој од нас морал да се соочи со фактот дека животот е комплициран. Еве зошто е тоа така.

Зошто животот е толку многу комплициран?

1. Се фокусираме на тоа колку е сложен нашиот живот

Понекогаш имаме тенденција да го комплицираме нашиот живот, наместо само да им се препуштиме на природниот тек на нештата. Како што рекол Конфуциј: „Животот е едноставен, ние самите го комплицираме“.

2. Постојано сме загрижени

Како луѓе, ние сме емотивни суштества. Кога сме под стрес, кога сме несреќни, лути или фрустрирани, нашите чувства во голема мера влијаат врз нашето однесување. Факт е дека постојаните грижи за проблемите може да ни ја исцрпи енергијата и да предизвика физичка и емоционална исцрпеност. За среќа, постојат повеќе стратегии кои можат да ни помогнат да го смириме нашиот ум и да ја намалиме анксиозноста, како на пример:

  • вежби за дишење
  • медитација
  • пишување дневник
  • јога
  • слушање музика
  • разговор со пријателите

3. Се обидуваме да го контролираме речиси секој аспект од нашиот живот

Факт е дека живееме во сложен свет и понекогаш навистина е тешко да најдеме одговори на предизвиците со кои се соочуваме во секојдневието. Сите ние се плашиме од нешто, без разлика дали се работи за страв од неуспех, смрт или губење на саканата личност. Обидот за контролирање на она што ни се случува е само знак дека го живееме животот во страв. Треба да се ослободиме од нашите стравови и да го прифатиме фактот дека постојат работи во животот кои се надвор од наша контрола.

4. Нашата среќа зависи од другите

Доколку нашата среќа зависи од другите нормално е дека за нас животот секогаш ќе биде комплициран и тежок. Треба да научиме дека среќата доаѓа од нас самите, а не од другите. Ако нашата среќа се потпира на среќата на другите, со текот на времето ќе го изгубиме нашето сопствено „јас“. Тоа најчесто се манифестира на начин што се обидуваме постојано да им угодувам на другите, што, од друга страна, може да биде штетно и исцрпувачко за нашата благосостојба.

5. Опкружени сме со токсични луѓе

Присуството на токсични луѓе заедно со нивната тенденција за „драматизирање“ навистина може да ни го направи животот покомплициран отколку што е потребно. Затоа, најдобро би било да се држиме настрана од нив. Сепак, доколку не можеме да ги одбегнеме, добро би било да размислиме како да постапиме со нив и да не дозволиме да ни влијае нивната негативна енергија.

Откако прочитавте зошто сметаме дека животот е толку комплициран, можеби ќе сакате да прочитате и од кои 10 нешта треба да се откажете ако сакате мирен живот.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар