Зошто водата и магнезиумот се исклучително важни во текот на празничниот период?

Зошто водата и магнезиумот се исклучително важни во текот на празничниот период?

Во тек е периодот на славење, дружење и полни трпези, периодот од годината кога сите уживаме во вкусните специјалитети и наздравуваме со семејството и пријателите, многу почесто отколку во остатокот од годината. Како и во многу други култури, така и кај нас консумирањето алкохол е вообичаена појава на различните собирања. Освен тоа, тука се и раскошните торти и колачи, како и задолжителните богати трпези со традиционални јадења.

1-zaradi-shto-se-vodata-i-magneziumot-vazhni-vo-tekot-na-praznichniot-period-www.kafepauza.mk_

И додека уживаме во сите тие волшепства кои ги носи свечената атмосфера, веселбите и дружењата, често несаканите последици вклучуваат и недостаток на сон, резултирајќи со замор, во комбинација со мамурлак, чувство на тежина од преголемата количина шеќер и мрсна храна, како и повеќе стрес за организмот. А, во сите тие моменти водата и магнезиумот се идеални сојузници за помалку замор и повеќе енергија!

Вода – за нормално психофизичко функционирање

Во нормални околности, односно со умерена физичка активност на умерена температура, дневно е потребно да испиете од 6 до 8 чаши вода, кои овозможуваат нормално одвивање на физичките и когнитивните функции. Доколку сме во топла просторија и на пример, цела вечер танцуваме, потребите за вода може дупло да се зголемат. Дехидрацијата можете да ја препознаете по сувост на усните, жед, вртоглавица, главоболка, намалено мокрење и намалена еластичност на кожата.

Не заборавајте дека кај консумирањето алкохол, внесувањето вода станува уште поважно, бидејќи алкохолот има ефект на диуретици, па организмот дополнително губи вода со зголеменото мокрење. Затоа е добро да го послушате советот од експертите и секогаш со алкохолниот пијалак да испиете и чаша вода.

2-zaradi-shto-se-vodata-i-magneziumot-vazhni-vo-tekot-na-praznichniot-period-www.kafepauza.mk_

Кога сме веќе кај алкохолот, типичните симптоми на мамурлакот како мачнини, главоболки и слаби физички и психички способности се поклопуваат и со симптомите на дехидрација. Затоа во текот на славењето не заборавајте на водата! Во тек е период кога јадеме калорични и зачинети јадења, што исто така бараат добра хидратација за метаболичкиот процес да биде поефикасен, односно елиминацијата на токсините полесна.

Соодветната хидратација ќе му даде на организмот основа за нормална работа, а со дополнително внесување магнезиум ќе добиеме идеална комбинација за нормално создавање енергија, па така и ќе го намалиме нивото на замор и исцрпеност.

Магнезиум – за енергија и намален замор

Препорачаната дневна количина магнезиум е 320 милиграма за жените и 420 милиграма за мажите. Тој е неопходен за функционирање на нервниот и мускулниот систем, вклучувајќи го и срцето, а со тоа и целокупното кардиоваскуларно здравје.

3-zaradi-shto-se-vodata-i-magneziumot-vazhni-vo-tekot-na-praznichniot-period-www.kafepauza.mk_

Тој учествува во клеточните реакции при кои се создава енергија, па заморот и исцрпеноста може да бидат последица од недоволното внесување магнезиум низ исхраната. Меѓутоа, недостатокот на магнезиум во организмот, освен со намаленото внесување на храна и вода, може да исчезне и со зголеменото излачување магнезиум преку мокрењето. Дали сте знаеле дека алкохолот предизвикува и ваков вид губење на магнезиумот?

Ниското ниво на магнезиум е поврзано со висок крвен притисок (хипертензија), дијабетес, хронични болести на срцето и остеопороза, а еден од честите причини за ниско ниво на магнезиум, освен недоволното внесување со храната и водата, е и неговото губење предизвикано од консумирањето алкохол.

Зошто водата со магнезиум е толку важна?

4-zaradi-shto-se-vodata-i-magneziumot-vazhni-vo-tekot-na-praznichniot-period-www.kafepauza.mk_

За добар метаболизам, повеќе енергија и помалку замор, исклучително добра стратегија за весели денови и уште повесели ноќи, е да се држиме до мудрата препорака за умереност во сѐ и со себе да имаме добри сојузници како што е водата богата со магнезиум.

Со внесувањето вода која содржи магнезиум, на нашиот организам можеме да му обезбедиме оптимална дневна количина магнезиум, која е потребна за виталните телесни функции, а со водата да го хидрираме телото, давајќи му ги на организмот основните предуслови за негово нормално функционирање. Зарем тоа не е доволна причина за водата со магнезиум да биде и вашиот избор во периодот на славење?

Се надеваме дека ја сфативте важноста на магнезиумот, па токму затоа ви откриваме и кои намирници содржат најголемо количество магнезиум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар