10 психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето

Развојот на психологијата, односно експерименталната психологија во 19-тиот и 20-тиот век им дозволила на научниците да ги проучуваат биолошките процеси во човечкиот мозок, емоциите, однесувањето и реакциите. Овие информации ни помагаат да го разбереме нашето однесување. Но исто така им помогнало на луѓето да продадат нешто или пак, да ги контролираат другите. Ако не верувате во ова, следниве 10 експерименти ќе ви докажат дека е вистина. Не само што подобро ќе ја разберете природата на луѓето, туку ќе дознаете и нешто повеќе за себе.

1. Експериментот Карлсберг: И малото дете може да има нож зад грбот

(1)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mk

Опис на експериментот: Замислете кино сала со 148 истетовирани моторџии и само 2 слободни места во средината. Сте купиле билети, но дали ќе седнете на слободните места или ќе си заминете? Компанијата Карлсберг направила токму ваков експеримент.

Резултат: Добрите моторџии весело ги поздравиле храбрите луѓе кои сепак решиле да седнат на слободните места, па дури и им дале пиво. Експериментот покажал дека никогаш не треба да судиме според нечиј изглед.

2. Ефект на сообразност: Подобро ќе се согласам со сите отколку да бидам различен

(2)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mk

Опис на експериментот: Соломон Аш сакал да ја демонстрира моќта на сообразноста во група. Под сообразност подразбирал кога однесувањето на една личност се менува под притисокот на туѓо мислење, кое може да биде и грешно. Испитаниците требало да ја одредат должината на 3 линии на една табла, да најдат линија со иста должина, да ја кажат бојата на пирамидите, или да го кажат своето име на некого. Во сите експерименти, сите испитаници освен еден биле актери. Вистинскиот испитаник секогаш последен го кажувал својот одговор.

Резултат: Во 75% од сите случаи испитаникот го следел мнозинството, дури и кога било очигледно дека одговорот е погрешен. Оние кои го кажале своето вистинско мислење се чувствувале многу непријатно.

3. Лажен консензус: Ако имате различно мислење, не сте во право

(3)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mk

Опис на експериментот: Ли Рос, професор на Универзитетот Стенфорд, ги замолил испитаниците да решат тежок проблем. Испитаниците требало да одберат помеѓу 2 одговора. Исто така требало да замислат што би одговориле другите учесници во експериментот и да ги опишат луѓето кои дале поинаков одговорот од нивниот.

Резултат: Експериментот покажал дека мнозинството од испитаниците сметале дека и другите го даваат истиот одговор како нив. А луѓето кои дале поинаков одговор ги опишале негативно.

4. Ефектот на минувачот и ширење одговорност: Не знам ништо, некој друг ќе помогне

(4)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mk

Опис на експериментот: По убиството на Кити Џеновезе каде што никој од очевидците не ѝ помогнал, иако таа врискала долго време, научниците Џон Дерли и Биб Латејн направиле низа експерименти во кои ги тестирале реакциите на луѓето.

Резултат: Експериментот докажал дека во итни случаи луѓето реагираат многу побрзо ако се сами. Но, ако има и други луѓе наоколу тие ќе се двоумат и ќе сметаат дека некој друг ќе помогне. Подоцна овој феномен бил истражуван повеќе, па дури има и навистина илустративен експеримент наречен „Соба полна со чад“. Луѓето кои биле сами во собата и го забележале чадот многу побргу го пријавиле проблемот, за разлика од оние кои биле во собата со други луѓе.

5. 8 часа без какви било направи: Моето дете е најдобро, тоа не мисли на лоши работи

(5)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mk

Опис на експериментот: Семејниот психолог Екатерина Мурашова поставила хипотеза дека модерните деца премногу се забавуваат и им е страв да бидат сами. Таа замолила неколку деца да поминат 8 часа без телефон, компјутер или телевизор. Децата можеле да цртаат, да читаат, да прават скулптури, да пешачат и да се вклучат во слични активности.

Резултат: Само 3 од 68 деца, на возраст од 12 до 18 години, успеале да издржат до крај. 7 деца издржале повеќе од 7 часа. Останатите го прекинале експериментот изјавувајќи дека се чувствувале лошо, имале болка во градите или пак имале треска. 3 од децата дури помислиле и на самоубиство.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар