Зошто во текот на зимата изгледаме многу постаро отколку за време на летото?

Зошто во текот на зимата изгледаме многу постаро отколку за време на летото?

Најверојатно веќе сте забележале дека во текот на зимата изгледате многу постаро отколку што навистина сте, но дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Што прави да се чувствувате и да изгледате така? Сигурно сте забележале и дека во текот на летото ви е полесно да изгледате убаво, дека вашата кожа изгледа посјајно и дека вашите подочници се скоро невидливи. Експертите ги откриваат причините поради коишто се создаваат овие промени во текот на зимата.

1-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

1. Имате подочници

Подочниците во текот на зимата се повеќе изразени отколку во лето. Едно истражување покажало дека во зима ги имаат 82% од жените, додека во летото само 38%. Недостатокот на витамин Д и К имаат негативен ефект врз појавата на подочници и надуени очи. Заради тоа жените може да изгледаат и до 4 години постаро. Од подочници повеќе патат жените со посветол тен, па потребно е да посветат поголемо внимание во тој предел додека се шминкаат.

2. Вашата коса не изгледа здраво

Греењето, студот, ниската влажност и статичкиот електрицитет се факторите кои за време на студените денови ќе ја направат вашата коса непривлечна. Обидете се да ја храните со природни маски за да го вратите нејзиниот сјај и живоста.

4-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letoto

3. Темните бои не ви прават услуга

Во текот на зимата поголемиот дел од жените носат малку потемни нијанси, најмногу бидејќи таквите бои и преовладуваат, но и заради тоа што се сигурен избор. Но, темните бои како што се црната или сивата воедно ве прават и визуелно постари, особено во сивата и тмурна есен и зимското опкружување. За да внесете живост во вашите модни комбинации изберете ведра боја на шал, гламурозно ланче или шарена капа.

4. Вашата кожа е сува

Греењето малку по малку ја суши вашата кожа. За да ја освежите, додајте му на вашиот лосион една капка екстракт од маслиново масло.

3-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letoto

5. Помалку вежбате

Тешко е да вежбате кога постојано врне, рано се стемнува и кога е студено. Но, прескокнувањето на вежбањето влијае на вашето целосно здравје и изглед. Ќе се чувствувате полошо, нема да имате сила ниту елан, а и полесно ќе се здебелите. Пронајдете пријател/ка со кој/а ќе вежбате или симнете некоја добра апликација која ќе ве мотивира.

6. Општо се чувствувате старо

Кога е студено и нема сонце, не добивате доволно витамин Д, ниту серотонин, хормонот на среќата. Тоа влијае на сите луѓе. Ќе биде забавно доколку неколкупати се сокриете под ќебето и се излежувате по цел ден, но доколку тоа стане секојдневие, ќе ви стане досадно и ќе ја изгубите волјата за живот. Консумирајте овошје и зеленчук и пронајдете некои активности кои ќе можете да ги правите и на затворено – одете во кино, на претстава, на фестивал, запишете курс за готвење… Изборот е ваш!

Есента е идеален период за да започнете да се подготвувате за долгата зима, а со помош на овие мали совети ќе откриете како успешно да ја „преживеете“ есента.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар