Мали совети и корисни трикови: Како успешно да ја „преживеете“ есента?

Промената на сезоната знае да биде тешко поднослива, особено сега кога е во прашање поздравувањето со топлите и сончеви денови, со лесната облека и омилените летни активности. Ако сте љубител на летото, доаѓањето на есента може да ви изгледа доста депресивно. Сѐ што ни доаѓа звучи тмурно и сиво. Сепак, септември е месец во кој сѐ уште можете да уживате во последните летни денови, но и исто така е вистински момент да се подготвите за студените денови кои ни доаѓаат. Осигурете се дека ќе ја искористите секоја предност и магичност на ова годишно време, како и дека целосно ќе се препуштите на уживањата кои се карактеристични за овој период. За вас денес издвоивме неколку корисни совети и мали трикови кои ќе ви помогнат со леснотија и задоволство да зачекорите во наредната сезона.

1-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

1. Исполнете го слободното време со вашите омилени активности

Летото подразбираше почести излегувања, прошетки, капење и сончање… Но, морате да признаете дека високите температури не се најпогодни за сето она што сакате да го правите, бидејќи поголем дел од денот сте престојувале во затворена, климатизирана просторија. Есента, покрај дождовите со себе носи пријатно, сончево време кое ви дозволува да бидете надвор подолг временски период и да уживате во активностите кои ги сакате. А, кога ќе пристигнат дождливите денови и ќе ве натераат да се затворите во домот, посветете се на вашата омилена книга, филм или серија со шолја топло кафе или долг разговор со вашата најдобра другарка. Ако сте уметничка душа, есента е многу инспиративна за вашите дела, а потребно е само малку подобро да ја набљудувате својата околина и ќе ја добиете посакуваната инспирација.

2-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

2. Јадете сезонска храна

Ова е плодно годишно време, па не треба да се ограничите со скромни оброци, бидејќи есента ви дава голем избор на овошје и зеленчук. Колку нијанси на бои има есента, толку има и мириси и вкусови, па затоа една од поубавите асоцијации за оваа сезона е разновидноста која е достапна. Не значи дека строго морате да консумирате само здрави оброци, бидејќи слоевитото облекување кое ни доаѓа ви дозволува да качите и некој килограм повеќе и слободно можете да се препуштите на сите вкусни, автентични, есенски специјалитети. Како да му одолеете на домашниот џем од сливи, свежо направениот ајвар или печената тиква со мед и цимет?

3-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

3. Спијте мирно и доволно

Не постои подобра приспивна песна од дождот кој паѓа и тече низ олуците, додека вие сте завиткани во вашиот топол кревет. Поздравете се со врелите летни ноќи, и уживајте во пријатниот, свеж воздух кој влегува во вашата соба и внесува есенски мириси за подобар сон. Ако ви е потребен поголем труд за да заспиете, обидете се да ја читате вашата омилена литература и на тој начин да ги „изморите“ очите пред спиење. Најсигурното решение за добар и квалитетен сон е вашиот ден да биде исполнет со најразлични активности, да сте во движење и кога телото навечер ќе се запре, самото од себе без никаква мака да приафати одмор. Не заборавајте дека е потребно најмалку седум или осум часа сон за нормално функционирање во текот на денот и за да имате добар имунитет.

4-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

4. Задржете го летниот сјај и во текот на есента

Ако сте го искористиле летното сонце за да добиете бронзен тен, тогаш обидете се да го задржите што е можно подолго. После секое туширање нанесете соодветен лосион за тело кој ќе го спречи или ќе го одложи лупењето на кожата. Со помош на облеката нагласете ја бојата на вашиот тен, така што ќе избирате посветли нијанси за да создадете соодветен контраст. Вашиот тен е складен со сите есенски бои, па додајте му мала доза на сјај и заблескајте заедно со највпечатливите сезонски атрибути.

5-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

5. Воведете промени кои позитивно ќе влијаат на вас

Разбијте ја евентуалната монотонија така што ќе си дозволите да ги правите работите кои претходно не сте можеле. Испробајте нешто ново или присетете се на нешто кое не сте го правеле одамна. Запишете се на танц или на некој омилен спорт, изберете некое ново хоби кое ќе ве исполнува, променете ја декорацијата во одредена просторија, воведете иновација на работното место или доколку сте невработени, обидете се да се вработите. Обезбедете си ситници кои ќе ве направат позадоволни. Можете да направите толку многу работи, а како мотивација нека ви биде крајниот позитивен резултат.

6-mali-soveti-i-korisni-trikovi-kako-uspeshno-da-ja-prezhiveete-esenta-www.kafepauza.mk_

За вкусен дочек на есента, ви предлагаме да го приготвите овој вкусен рецепт кој е идеален за есенските денови.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар