Зошто ви се јаде толку многу кога сте пијани?

Зошто ви се јаде толку многу кога сте пијани?

Има една изрека која вели: „Не те дебелее алкохолот, туку бурекот што го јадеш во пет сабајле кога си пијан“. Многу сме гладни кога сме пијани и едвај чекаме пред нас да се појави што било што може да нè најаде. Постојат неколку причини за тоа.

1-Zoshto-vi-se-jade-tolku-mnogu-koga-ste-pijani-www.kafepauza.mk_

Се чувствувате помалку сити и кога сте најадени

Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат по чашка алкохол побавно се заситуваат од оброкот во споредба со оние кои пијат нешто безалкохолно пред да почнат да јадат. Тоа покажува дека телото не ги препознава калориите од алкохолот и се труди што побргу да го исфрли затоа што е отров и затоа не ви го дава чувството дека сте сити и сакате да јадете уште.

Алкохолот ви буди убави спомени

Гладот не се јавува само кога на телото му треба храна, туку и кога таа ѝ треба на психата. Нашиот мозок знае како да го поврзе алкохолот со вкусната и мрсна храна и со убавите моменти на дружби или прослави. Затоа кога пиете алкохол мозокот ви вели да каснете и нешто калорично за потсвесно да симулирате убави моменти од животот.

Алкохолот прави брзата храна да има феноменален вкус

Па зарем бурекот не е највкусен во пет сабајле? Тоа е така поради тоа што алкохолот го засилува и подобрува вкусот на солената и мрсната храна. Затоа не е чудно што мозокот не ви бара салата кога сте пијани, туку бурек.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар