Зошто сопругата треба да ви биде поважна од децата?

Писателот и татко на неколку деца, Мајк Бери, објаснил зошто неговата сопруга му е поважна од децата и зошто оваа идеја треба да ја прифати секое семејство. Некои луѓе го критикувале за ова, но некои биле инспирирани и навистина го промениле начинот на којшто размислуваат.

Зошто сопругата е поважна од децата?

Мајк и неговата сопруга Кристин одгледуваат 8 посвоени деца. Во брак се 17 години и се обидуваат да им помогнат на семејства кои се справуваат со проблеми.

„Обично во 20:30 им го давам првото предупредување на девојките. Во 21 часот им велам да одат во нивната соба. Го правам ова речиси секоја вечер. А тие се расправаат: ‘Зошто мора да си легнуваме во 21? Не сме повеќе деца!’

Им кажувам дека само сакам да ја напуштат дневната соба бидејќи јас и мајка им се немаме видено целиот ден. Искрено, го следиме ова правило отсекогаш. Родители сме 15 години и децата никогаш не ни го одземале целото време. Со сопругата минуваме многу време со нив, но никогаш 24/7. Ги сакаме децата и се разбира, имаат голема улога во нашите животи. Секогаш можат да се потпрат на нас и да ја добијат нашата поддршка.

Но покрај децата, постоиме и ние. Нашата врска. Кристин и јас секогаш се обидуваме бракот да ни остане силен и здрав и постојат неколку важни причини за тоа.“

1. Здравиот брак е столб на домот

Зошто сопругата е поважна од децата?

Децата не се столбот на семејството. Тие се огромен дел од него, но не ја задржуваат хаотичната структура што ја нарекувате семејство. Најважниот дел од семејството сте вие и вашата сопруга, вашиот сопруг – вашиот партнер. Вие ја имате целата одговорност. Децата ги одбираат нивните патишта во зависност од вашиот пример.

2. Пред нив сте биле вие

Зошто сопругата е поважна од децата?

Пред да постојат децата сте биле само вие двајцата. Сте се вљубиле, заедно сте излегувале, цела вечер сте разговарале на телефон, и потоа сте одлучиле да бидете заедно засекогаш. Сте биле на почетокот на патот и сте започнале семејство. Сигурно сте пресреќни што ги имате вашите деца, но вашиот брак е свет. Потребно е да направите сè за да го заштитите.

3. По нив ќе бидете вие

Зошто сопругата е поважна од децата?

Ништо не трае засекогаш. Ќе дојде момент кога децата ќе пораснат и ќе го напуштат вашиот дом. Па кога ќе се случи тоа, кога ќе имаат нивни семејства и ќе одгледуваат нивни деца, сигурно ќе сакате врската со вашата сопруга да остане силна и интимна, како и на почетокот. За да имате таква иднина, потребно е да работите на врската уште сега. Врската треба да ви биде приоритет.

4. Потребно е да поставите пример за иднината

Зошто сопругата е поважна од децата?

Веќе знаете дека децата гледаат и учат од вас. Тие го прават она што го правите вие и ви го набљудуваат секој чекор. Најверојатно сакате вашето дете да има нормален однос кон состанувањето, љубовта и семејството, а вашиот брак треба да биде пример за тоа.

Се разбира, потребни сте им и на децата и треба да се грижите за нив. Но, секогаш најпрво грижете се за врската. Кога децата ќе видат дека родителите им се сакаат, ќе бидат сигурни дека ги сакаат и нив. Уште поважно е што ќе имаат доверба во себе и во светот околу нив. Не заборавајте да одвоите време и за вашата врска.

Погледнете и зошто е важно да бидете отворени со вашите деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар