Зошто сме поучтиви со непознатите отколку со блиските?

Блиските луѓе ги сакаме повеќе отколку оние кои не ги познаваме добро, па би требало тоа да нѐ поттикнува да бидеме потрпеливи и поучтиви со нив. Но, тоа најчесто не е така. Впрочем, почесто се случува она спротивното. Еве зошто сме поучтиви со непознатите отколку со блиските според едно истражување спроведено од професорката по психологија Дебора Саут Ричардсон.

Зошто сме поучтиви со непознатите отколку со блиските?

Мислиме дека врската со блиските може да „преживее“ секакво однесување

Најчесто, ставаме насмевка на лицето пред останатите за да бидеме културни и да се претставиме во најдобро светло. Но, кога ќе дојдеме дома или кога сме со некој кој ни е близок, веднаш ја симнуваме насмевката бидејќи се опуштаме.

Луѓето се чувствуваат најудобно кога се со луѓето кои ги сакаат. Но, токму кога ни е удобно ги покажуваме сите наши страни, вклучувајќи ги и оние лошите. Науката вели дека несвесно го исфрламе гневот пред луѓето кои ги сметаме за најблиски бидејќи мислиме дека нашата врска е доволно силна за да го „издржи“ тоа. Колку поблиски се чувствуваме со некого, толку послободни сме да се однесуваме лошо со нив кога имаме лош ден.

Се чувствуваме помалку сигурни во себеси кога сме со нови луѓе

Не ги покажуваме вистинските карактеристики кога запознаваме нови луѓе. Тие едноставно не ја гледаат нашата вистинска страна на почетокот на врската. Тоа се случува бидејќи луѓето не се опуштени на почетокот на пријателството или врската. Дури и доколку новиот познаник направи нешто со кое што не се согласувате, големи се шансите дека нема да реагирате на тоа бидејќи не знаете што да очекувате од него/неа.

Од друга страна, кога некој близок ќе направи нешто што ве нервира, ништо не ве спречува да му/ѝ го кажете тоа. Затоа, сите се чувствуваме послободни да им дадеме негативни коментари на нашите најблиски.

Не ги толерираме негативните карактеристики на луѓето кои ни се најблиски

Колку повеќе време поминувате со некого, толку помала толеранција имате кон нив. Ова не се случува со луѓето кои штотуку сте ги запознале, туку со најблиските. Со оние кои не ги познавате добро, не се чувствувате слободни да реагирате искрено бидејќи очекувате да не поминувате многу време со нив.

Секогаш може да го спречиме ова однесување

Како што гледате, има причина зошто подобро се однесувате со непознатите отколку со најблиските. Но, тоа не значи дека не треба да се обидете да го поправите тоа.

Доколку поминувате многу време со некого и чувствувате дека имате потешкотии да толерирате некои нивни навики или карактеристики, обидете се со мала пауза во вашата комуникација. Кратката пауза може да ви помогне да ја погледнете врската од друг агол и да започнете да ги цените добрите работи кај личноста наместо да се фокусирате на лошите.

Обидете се и со излегување во друштво во кое има блиски и непознати лица. Кога ќе бидете во измешано друштво, ќе бидете поучтиви поради оние кои не ви се толку блиски, а тој однос ќе ја подобри и врската со блиските.

Следно, прочитајте како да го подобрите односот со блиските за само една минута.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар