Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?

Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?

Од нас се очекува да се социјализираме и да одржуваме здрави врски со различни индивидуи од нашето опкружување. Секој ден сме приморани од одиграме некоја социјална улога: ќерка или син, сестра или брат, сопруг, сопруга, колега, комшија, купувач во продавница, патник во средство за јавен превоз итн. И во секоја социјална ситуација се однесуваме поинаку: она што е природно за со едни луѓе е тотално неприфатливо за со други. Затоа е важно да одржуваме рамнотежа и да не поминуваме одредени граници. Сепак, одржувањето добри односи е работа.

Ви претставуваме неколку едноставни начини кои од вас нема да бараат нешто посебно да се заложите, но сепак во извесна мера ќе ви помогнат за кратко време да ги зајакнете вашите односи со саканите луѓе околу вас.

Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?

Со сопругот/сопругата

Јавете му се на вашиот партнер или испратете му порака без никаква причина. Со самото тоа што одеднаш сте посакале да ѝ напишете нешто на вашата драга личност покажувате колку таа ви значи или ви недостига. Само неколку секунди – и вашата сакана личност ќе почувствува дека не сте рамнодушни и мислите на неа. Од ова никогаш не е премногу.

Иницирајте смирување пред спиење. Ако сте се скарале со вашиот партнер, никогаш не легнувајте си лути и со чувство на огорченост. Меѓутоа, ако од некоја причина немате доволно време за да се разјасните, само бакнете го партнерот и тој ќе се сети дека недоразбирањата се нормална работа и тоа не значи дека љубовта меѓу вас згаснала. Само еден бакнеж – и бурата меѓу вас ќе се претвори во нежно пролетно ветре.

Често допирајте го партнерот. Држете се за раце, допрете му го образот, провлечете ги вашите прсти низ неговата коса – контактот меѓу двајца луѓе кои се сакаат е многу важен.

Со најблиските од семејството

Ако не живеете заедно, почесто посетувајте ги. Верувајте, тоа многу значи. Ако не е возможно често да ги посетувате, тогаш ѕвонете им да ги чуете барем 2-3 пати неделно. Прашајте ги за здравјето и понудете им помош ако им е потребна. Само краток разговор ќе ѝ донесе многу радост на личноста која ја сакате и ве сака.

Гледајте филм заедно. Можете многу да научите за внатрешниот свет на вашите родители, вклучително и за вашите баба и дедо, како и браќа и сестри, доколку се впуштите заедно во една ваква релаксирачка активност. Може да откриете некои сосема неочекувани страни на нивната личност.

Не заборавајте секогаш да им честитате роденден и да им посакате среќни празници на значајните датуми. Дури и едноставна разгледница или само еден телефонски повик понекогаш може да биде одличен подарок.

Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?

Со пријателите

Дури и ако сте многу зафатена личност со густ распоред, сепак имате време да стапите во контакт едни со други. Уште подобро – видете се лично, барем еднаш во месецот. Со секојдневниот стрес на кој сте изложени, многу е важно да знаете дека имате вистински пријатели, а не само аватари на социјалните мрежи.

Во самата комуникација, присетувајте се на некои смешни случки од вашето минато и разгледувајте стари фотографии – така вие и вашиот пријател или пријателка ќе потонете во топло чувство на носталгија за некои убави минати времиња. Носталгијата е добра – таа обединува.

Секогаш честитајте им ги родендените на вашите блиски пријатели. Ако заборавиле да ви честитаат Нова година или 8 Март, тоа можете да го прогледате низ прсти, но заборавената роденденска честитка се доживува како навреда.

Со колегите

Давајте им комплименти. Но, само природно и ненаметливо. Избегнувајте груби и претерано директни формулации, како и неприродни забелешки кои повеќе личат на исмевање или на очигледно ласкање. Смејте се на нивните шеги и позитивно коментирајте за нивните професионални вештини.

Одвреме-навреме, бидете иницијатор на некои забавни активности: појдете заедно на културни настани, излезете во природа, учествувајте во тимски игри. Ова може да биде посебно значајно ако вашата компанија не практикува тим билдинг. Во тој случај, организирањето сопствен е одлична идеја. Неформалната комуникација ги обединува луѓето и помага подобро да се запознаеме со оние кои секој ден ги гледаме околу нас.

Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?

Со соседите

Само речете им „Здраво“. Да, елементарниот поздрав може да направи чуда. Не поминувајте со скаменет поглед покрај нив, само насмејте се и упатете им поздрав.

Не бидете мрзливи да ја придржите влезната врата од зградата за соседите или да ги причекате во лифтот. Ако видите сосетка која сама бутка количка или стара жена која носи тешка торба со намирници, не двоумете се и понудете помош. Не е тешко.

Ако само што сте се вселиле или пак некој друг неодамна се вселил на вашиот спрат, добра идеја би било да им однесете некое благо за добредојде. Така воедно и ќе се запознаете. Сигурно сте го виделе овој гест во американските филмови: насмеани комшии стојат на прагот на куќата на новодоселениците со домашен колач или лазањи во рацете. Земете пример од нив и ќе видите колку позитивно тоа може да влијае на вашите меѓусоседски односи.

Погледнете ги и овие 20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар