Зошто сè уште не сте го преболеле бившиот партнер?

Раскинувањата се едни од најтешките транзиции низ кои поминуваме. Понекогаш дури оваа болка може да биде толку лоша, што со себе повлекува голем број негативни последици како изолација, анксиозност и депресија. Доколку поминал подолг временски период, а вие сè уште се чувствувате како да стоите во место, погледнете ги наредниве неколку начини кои има големи шанси да ве спречуваат во вашето продолжување понатаму.

Зошто сè уште не сте го преболеле вашиот бивш партнер?

1. Не сте дозволиле да тагувате во целост

Во една култура каде што сите се „зависни“ од среќни ликови и насмевки, постои многу ниска толеранција кога станува збор за вакви ситуации. Сигурно постојано слушате од луѓето околу вас дека „би требало веќе да сте го преболеле вашиот бивш партнер“ и покрај тоа што раскинувањето се случило пред само неколку месеци.

Тагувањето нема универзална временска рамка. Една личност може да тагува една недела и веднаш потоа да се почувствува одлично, додека пак на друга би ѝ требале повеќе месеци за да ја процесира болката од раскинувањето. Дозволете си на себе целосно да го чувствувате она што поминува низ вашиот ум и тело, наместо да се убедувате самите дека веќе сте го/ја преболеле. Наместо да си го одвлекувате вниманието во спротивна насока, пристапете ѝ на целата ситуација со сочувство и љубопитност. На овој начин ќе бидете во поголем допир со себе и ќе можете побрзо да го најдете вистинскиот начин како да продолжите понатаму со вашиот живот.

2. Заглавени сте во обвинувањето или чувствувањето вина

Раскинувањето, како и која било друга транзиција е можност да научите нешто повеќе за себе. За жал, повеќето луѓе имаат потешкотии со толеранцијата на емоционален план и токму затоа егото влегува во игра и целата ситуација ја претвора во опсесивна потрага по причините зошто настанало раскинувањето или пак, го обвинувате вашиот поранешен партнер или себе.

И покрај тоа што останувањето во фазата на обвинување или чувствување вина ја постигнува целта на вашето его да ве „чува“ во главата и да ве оддели од болката, ниту една од овие негативни мисли не се продуктивни во поглед на искреното тагување и учењето нешто повеќе за вас самите. Доколку ги правите овие две нешта, вие ќе се подготвите себеси за почеток на нова врска која ќе ја гледате на сосема поинаков начин.

3. Го идеализирате вашиот поранешен партнер или пак, го/ја користите како одвлекување на вниманието

Доколку сте започнале со нова љубовна врска и страдате од анксиозност, вашиот ум може да ве насочи кон мислите, соништата па дури и кон опсесивност за вашиот поранешен партнер со цел да изгради удобен ѕид околу вашето срце кој ќе служи како заштита да не може да влезе таму вашиот нов партнер. Можеби вие сте верувале дека сте го/ја преболеле целосно, што големи се шансите дека е вистина, но доколку сте склони кон анксиозност можете многу лесно да паднете во замката на вашите мисли и да верувате дека сè уште имате чувства за него/неа.

Доколку целосно сте тагувале и сте научиле сè што можете од ова искуство, тоа значи дека поголемиот дел од работата сте го завршиле и дека сега е време да се фокусирате на вашата анксиозност и да научите како да ги намалите ѕидовите кои се обидуваат да ве заштитат од ризикот да не бидете повторно повредени. Со други зборови, вашето идеализирање на поранешниот партнер нема никаква врска со него/неа, туку за тоа е целосно виновно вашето его кое се обидува да ве одржува безбедни. Доколку станете свесни за оваа состојба, многу брзо ќе научите како да ја идентификувате и како да ја спречите да ја саботира вашата нова љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар