Најубавите и најздравите градови во Европа

Лондон, Париз, Рим, Амстердам, Барселона… Сите овие европски градови се интересни и полни со многу историја и култура, но кога станува збор за прекрасни места кои изобилуваат со природни пејзажи кои ќе ве освежат и инспирираат, наредниве 5 се оние кои се едноставно незаменливи.

1. Езерото Сан Круа, Франција

Најубавите и најздравите градови во Европа

Северниот дел од Франција изобилува со туристи кои уживаат во убавините на Азурниот Брег, но доколку сакате малку помирно место, кое е опколено со природни убавини, насочете се северно од Сен Тропе, кон прекрасното тиркизно езеро Сан Круа. Доколку сте фан на водни активности како пливање, едрење, возење на кајак и слично, ова место ќе биде совршено за вас.

2. Скаген, Данска

Најубавите и најздравите градови во Европа

Доколку Скандинавија е на вашата листа за посета и доколку барате прекрасни места кои не се толку популарни, тогаш ви го препорачуваме градот Скаген. Ова мало рибарско гратче, кое е прекрасен рај за фотографите се наоѓа на најсеверната точка од Данска. Спектакуларниот брег и огромните песочни дини ќе направат да се чувствувате живо, енергично и поздраво од кога било претходно.

3. Чинкве Тере, Италија

Најубавите и најздравите градови во Европа

Сите љубители на пешачењето и природните пејзажи мора да го посетат ова неверојатно место. Направете пауза од гужвата во Рим, Фиренца и Миланo и упатете се кон тивкото и мирно „ Чинкве Тере. Покрај природните пејзажи, тука можете да уживате и во прекрасно подготвената паста, џелато и други видови вкусна и традиционална италијанска храна.

4. Анси, Франција

Најубавите и најздравите градови во Европа

Овој град е можеби најпрекрасната и најздравата туристичка дестинација во Франција, како и една од најдобро чуваните тајни во земјата. Анси е град со средна големина во кој се наоѓа најбистрото и најчисто езеро во Европа, а самите Алпи се на само еден чекор оддалеченост. Ова место е познато и како „главниот град на спортот“. Не само што можете да ги најдете сите видови водни и планински спортови, туку и пејзажите кои ве опколуваат се толку неверојатни и инспиративни што дури и самите Французи постојано се вчудовидуваат од оваа природна убавина.

5. Лејк дистрикт – Англија

Најубавите и најздравите градови во Европа

Со својата локација во северно-западна Англија, оваа област е одлично место за одмор од брзиот Лондон. Доколку некогаш сте на пат кон главниот град, направете мала пауза во Националниот Парк Лејк дитрикт и уживајте во неверојатните пејзажи кои се дел од него. Езерата, шумите и планините кои се наоѓаат во овој предел едноставно ќе ве остават без зборови, а чистиот воздух ќе ве наполни со енергија и здравје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ana Skau Reply

    Skagen ne e vo Germanija tuku potocno vo Danska.

Остави коментар