Зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?

Зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?

Антиоксидансите играат голема улога за вашето здравје бидејќи го штитат вашето тело од болести, аерозагадување како и од штетното влијание на УВ зраците. Во продолжение прочитајте повеќе за антиоксидансите и зошто е важно тие да бидат дел од вашето секојдневно мени.

Зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?

Што се антиоксиданси?

Антиоксидансите се супстанции кои помагаат да се спречи или забави процесот на оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали – нестабилни молекули што вашиот организам ги создава како одговор на секојдневниот стрес на кој е изложен. Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси во голема мера, но нив ќе ги најдете и во производи како чоколадо, чај, кафе и вино.

Кои се најзастапените антиоксиданси?

Постојат илјадници хранливи материи и витамини кои делуваат како антиоксиданси, а еве кои се најраспространетите:

  • Витамин А
  • Витамин Ц
  • Витамин Е
  • Бета-каротин
  • Катехини
  • Флавоноиди
  • Полифеноли
  • Селен
  • Манган

Храна богата со антиоксиданси

Растителната храна е најдобар извор на антиоксиданси. Колку е пошарена вашата исхрана, толку е побогата со антиоксиданси. Еве кои намирници се на врвот на нашата листа:

Витамин А

Млечни производи, јајца, црн дроб

Витамин Ц

Лиснат зеленчук (кељ, брокула, цвекло), зелка, домати пиперки, карфиол, јагоди, грејпфрут, киви, диња

Витамин Е

Јаткасти плодови и семки (бадеми, ореви, семки од сончоглед), авокадо, блитва и црвени пиперки

Бета-каротин

Диња, моркови, слатки компири, тиква, кељ

Ликопен

Домати, црвени пиперки, лубеница

Полифеноли

Грозје, зелен чај, бобинки, јагоди, јаболка, кромид, црвено вино

Селен

Житарки (кафеав ориз и јачмен), риба, мешунки, сирење, јајца

Здравствени придобивки од антиоксидансите

Истражувањата покажале дека исхраната која се состои од овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки може да го намали ризикот од хронични болести кои честопати се поврзуваат со оксидативен стрес. Слободните радикали се всушност оние кои доведуваат до оксидативен стрес и ги напаѓаат здравите клетки. Антиоксидансите, исто така, помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Сепак, не постојат доволно истражувања кои би можеле да докажат дека внесувањето голема количина антиоксиданси во организмот ќе ја спречи појавата на рак или други сериозни хронични заболувања.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од антиоксидансите, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар