Зошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?

Зошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?

Лошите момци кои обожаваат да драматизираат и да бидат центарот на вниманието можеби би биле интересни за вас одреден период, бидејќи извесноста која ја носат со себе на некој начин возбудува, но по некое време секоја жена сака покрај себе маж кој ќе се грижи за неа, кој е искрен и со кој ѝ е лесно да биде. Таа сака лојален и сигурен партнер, на кој може да се потпре и на кој може да му каже сè што ѝ лежи на душата. Токму овие „едноставни“ љубовни партнери се оние кои секоја жена сака да ги има покрај себе…

Зошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?

1. Тој е искрен

Кога ќе му го подготвите вашиот омилен оброк, тој ви кажува дека ова е единственото јадење кое воопшто не го сака, а потоа ќе ве прегрне и ќе ви каже дека ќе го изеде тоа што сте го подготвиле само затоа што ве сака.

2. Тој е човек од доверба

Кога ќе ви каже дека не може да се видите затоа што мора да работи, тој подоцна ви се јавува за само да ви каже „здраво“. И потоа тропа на вашата врата, во 10 часот навечер, со цвеќиња и шише вино во неговите раце.

3. Тој не драматизира

Кога вие паничите за одредена ситуација или лична фамилијарна криза, тој ве прегрнува цврсто и ви вели дека сè ќе биде во ред, а потоа планира викенд бегство во друг град со цел да ви помогне полесно да го надминете овој период.

4. Тој не е посесивен

Доколку некое време не сте се виделе со вашите пријателки, тој предложува да одите на патување со цел да надоместите за пропуштеното време.

5. Тој е флексибилен

Вие мора да го откажете состанокот на концерт поради многу тешка настинка, а тој ги продава билетите и се појавува на вашата врата со вашето омилено чоколадо во раце и потоа ја поминувате целата вечер гледајќи филм, прегрнати.

6. Тој е несебичен

Тој мисли на вас исто колку што мисли и на себе. Доколку не сакате да гледате одреден филм, тоа е сосема во ред со него, па ќе ви дозволи да одберете алтернатива. Доколку сте уморни за забавата која сте ја планирале, ќе остане со вас дома…

7. Тој не е љубоморен

Еден од вашите најдобри машки пријатели сака да се сретнете на кафе и тој нема воопшто ни да помисли дека би го мамеле. Едноставно ќе ве прегрне и ќе ви посака убав помин. Тој има доволно голема самодоверба за да разбере дека можат да постојат пријатели од двата пола без притоа да има флертување.

8. Тој се сака себе

Ова е многу важно. Секогаш кога момчето се чувствува удобно во својата кожа, тој не мора да се претвора во нешто што не е. Тој не мора да глуми „играч“ за да ве импресионира вас или некој друг. Токму ова е многу освежително.

9. Тој никогаш нема да побара да се промените

Ниту вашата коса, шминка, облека, навики, смеење, тежина, верувања или принципи. Тој разбира дека имате свои недостатоци, но целосно ги прифаќа и ве сака онакви какви што навистина сте.

10. Не се грижи за изгледот

Дури и вашиот моден стил да е целосно различен од неговиот, тој ќе стои покрај вас и гордо ќе ве претстави на своите пријатели. Или кога нема да имате време за фризура и ќе ја соберете косата во бушава пунџа, тој ќе ви каже дека ја обожава вашата коса на тој начин.

11. Тој ги прифаќа вашите пријатели и семејство

Никој нема совршена група пријатели или роднини, но тоа не значи дека тој нема целосно да ги прифати. Тој сфаќа колку тие ви значат и токму затоа никогаш нема да застане помеѓу вас.

12. Тој ви го чува грбот

Тој никогаш нема да ве стави во непријатна ситуација и секогаш ќе се обидува да ви помогне доколку сте во неволја. Тој секогаш ќе ви биде лојален.

13. Тој не сака драма

Тој ниту создава ниту учествува во драма. И покрај тоа што таа знае понекогаш да биде забавна, па можеби дури и стимулирачка, сепак е знак на незрелост. Со тоа што тој не навлегува во вакви ситуации јасно дава до знаење дека е зрела личност која одговорно ги решава своите проблеми.

14. Тој е трпелив

Доколку не сте подготвени за физичка интимност или пак, да се вселите заедно, тој нема да ве тера на тоа ниту пак ќе прави да се чувствувате виновно. Трпението се однесува и на малите нешта, па токму затоа тој никогаш не би се лутел ни ако доцните.

15. Тој не игра игри

„Лошото момче“ има тенденција да игра игри кои можеби на почетокот ќе ве возбудуваат, но со тек на време ќе ве натераат да побарате некој кој е посигурен. Тој е секогаш директен со вас и доколку има некој проблем, вие сте првата личност која ќе дознае за тоа. Потоа следува отворен разговор, каде што заедно одлучувате кој е следниот чекор.

16. Тој сака и едноставни активности доколку вие сте покрај него

Тој ќе биде среќен да е покрај вас дури и кога ќе го шетате кучето, ќе имате мрзлив ден читајќи книга или пак, кога ќе одите до маркетот. Неговата среќа доаѓа од вашето присуство и тоа постојано ви го докажува.

17. Тој ја гледа девојката и како негов најдобар пријател

Тој сака да биде ваш пријател исто како што сака да биде и ваш љубовник. Тој секогаш е тука да ве ислуша и да го сподели неговото мислење со вас, да ви помогне да донесете тешка одлука и секогаш е на вашата страна и ве поддржува во вашиот избор.

18. Тој никогаш нема да ве понижува

Потребата да се користат погрдни имиња и критики е еден вид емоционална злоупотреба која доаѓа од два извора: мала самодоверба и потреба од покажување моќ. Но, тој не ги поседува овие карактеристики. Тој е секогаш тука да ви помогне да го поминете тешкиот ден, да се справите со некој проблем и притоа секогаш ви кажува колку сте прекрасна во неговите очи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар