Зошто денешните љубовни врски толку брзо се распаѓаат?

Дали проблемот се наоѓа во фактот што сме ја изгубиле почитта за врските или пак станува збор за нешто сосема друго? Иако денешните модерни врски тешко се одржуваат поради многу причини, меѓу кои голема улога имаат и надворешните фактори, сепак следниве точки ни откриваат една сосема нова димензија на овој проблем. Според овие теории, секој треба вината за распаѓањето на љубовните врски да ја бара во себе. Еве зошто…

Зошто денешните љубовни врски толку брзо се распаѓаат?

1. Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртви, компромиси, безусловна љубов. Не сме подготвени да вложиме сè што е потребно за да направиме оваа врска да функционира. Сакаме сè да ни биде лесно, па затоа на првата препрека се откажуваме.

2. Не е љубов тоа што бараме, туку возбуда и восхит во животот. Сакаме некој со кој ќе можеме да гледаме филмови и да танцуваме на забави, а не некој кој ќе нè разбере дури и во најдлабоката тишина. Поминуваме време заедно, но не правиме спомени. Не бараме животен сопатник, туку некој со кој моментално треба да живееме.

3. Немаме време да љубиме. Немаме трпение да се соочиме со врските. Постојано сме зафатени со нашата желба да ги оствариме материјалните соништа и затоа немаме место во нашиот живот за љубовта.

4. Сакаме инстантно задоволство од сè што правиме. Без разлика дали станува збор за тоа што го објавуваме онлајн, за кариерата која ќе ја избереме, за луѓето во кои се заљубуваме. Ја сакаме веднаш зрелоста која доаѓа со времето, емоционалната поврзаност која се развива со годините и чувството на припаѓање. Изгледа ништо не е вредно за нашето трпение, дури ни љубовта.

5. Попрво би поминале саат време со стотина луѓе отколку ден со една личност. Веруваме дека за нас постојат многу можности, бидејќи сме друштвени. Веруваме повеќе во средби отколку во познанства. Алчни сме и сакаме сè.

6. Сакаме да бидете совршени. Идеме на многу состаноци и ретко кому даваме вистинска шанса. Сè нè разочарува, дури и најмалите ситници.

7. Технологијата толку многу нè зближи, што веќе едвај дишеме. Нашето физичко присуство е заменето со пораки, четови, видео повици. Не чувствуваме повеќе потреба да поминуваме време заедно. Веќе сме се заситиле едни со други, нема за што да се зборува.

8. Не сакаме да се смириме. Не можеме да замислиме да го поминеме нашиот живот со само една личност. Сакаме да веруваме дека се разликуваме од останатите и дека не сме во склад со социјалните норми.

9. Ние сме онаа генерација која самата се нарекува „сексуално ослободена.“ Зошто тогаш би се врзувале со некој?

10. Врските веќе не се толку едноставни. Постојат отворени врски, шеми, повремени комбинации, секс за една вечер, како и врски без обврски – сме оставиле толку малку простор за љубовта во нашите животи.

11. Ние сме генерацијата која од сè се плаши. Се плашиме да се заљубиме, посветиме, се плашиме од неуспех, од скршено срце. Не дозволуваме никој да влезе во нашето срце, ниту пак бараме и даваме љубов. Премногу се заштитуваме.

12. Повеќе не ги цениме љубовните врски. Ги пропуштаме неверојатните луѓе во нашиот живот бидејќи си велиме дека има и „други риби во морето“. Ниту една врска веќе не вреди.

13. Не постои нешто што не можеме да го освоиме на овој свет. Но, сепак се бориме со играта на љубовта – најосновниот човечки инстинкт. Некои тоа го нарекуваат еволуција.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар