Зошто децата го копираат однесувањето на родителите? И како да бидете добро влијание за нив?

Зошто децата го копираат однесувањето на родителите? И како да бидете добро влијание за нив?

Децата се мали набљудувачи, кои обрнуваат толку многу внимание на најблиските што најчесто можете да го препознаете однесувањето на нивните родители кај нив. Малите деца немаат формирана личност, па затоа и во околината го бараат својот модел на однесување. Овој феномен во психологијата е познат како учење по модел.

Учењето по модел е облик на учење каде што детето набљудува одреден модел, и усвојува дел од неговите ставови и облици на однесување. Малите деца едноставно учат по пат на набљудување и имитирање. Со оглед на тоа што со родителите поминуваат најмногу време, затоа и од нив најмногу учат.

Набљудувањето на своите родители кај децата воведува создавање навики, позитивни и негативни. Затоа е многу важно да се развие свест за ова, со цел на време да им се даде соодветен пример, и да се насочат на правилниот пат уште од мали нозе.

Едно истражување покажало дека повеќе од 40% од нештата на коишто секојдневно работиме се дел од нашите навики, па затоа и несвесно ги извршуваме. Затоа е многу важно да се научат децата на здрави и корисни навики, кои ќе им бидат од голема помош во понатамошниот живот. 40% е навистина голема бројка за да се остави на случајноста.

На пример, ако почнете повеќе да читате книги одошто да гледате во мобилниот телефон, вашето дете со тек на време ќе почне да бара книги од вас. На овој начин ќе му создадете позитивна навика за читање, која може да му биде од голема корист понатаму.

Постојат многу нешта што можете да ги смените во вашиот живот, кои не само што ќе изградат од вашето дете здрава и независна индивидуа, туку ќе ви помогнат и вам да напредувате во секој аспект од животот. Не постои родител што не сака добро да го воспита своето дете, но тоа што скоро сите од нив забораваат, е дека првиот чекор е секогаш насочен кон подобрување на нивните навики.

Прочитајте и какво влијание има зјапањето на родителите во телефоните врз нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар