Знаете ли колку често треба да ја менувате вашата постелнина?

Постелнината во која легнувате секоја вечер е многу понечиста отколку што мислите. Во неа може да се најдат еден куп габи, бактерии, пот, нечистотија, слуз од грлото, а особено кожа, со оглед на фактот дека просечно од човечкото тело дневно се лупи по 10 грама. Сето ова во комбинација со околу 100 литри пот колку што годишно произведува човековиот организам и со остатоците на храна кои повремено или постојано ги грицкате во креветот, излегува дека вашата постелнина е исклучително погодна област за развој на габи и бактерии.

Знаете ли колку често треба да ја менувате вашата постела?

Прашината е безопасна, но произведува измет кој содржи алергени, а тие предизвикуваат чешање на очите и астма. Така, нередовното перење на постелата не значи само валкан кревет, туку може да биде опасно и за здравјето, предупредуваат докторите. Бактериите и габите кои живеат во постелата, на пример, многу лесно може да предизвикаат да добиете габична инфекција на стапалата. Помислете на сето она што го правите во креветот. Освен тоа што се спие во него, на некои им служи и како место каде што го пијат своето кафе или чај, како маса за оброк, а во многу кревети сопствениците ги стават и своите миленици. Во зависност од тоа за што ја употребувате постелата и какви сте кога одите на спиење (дали сте чисти и дали носите пижами), местото на кое би требало да се одморите, може да биде многу валкано и да ви штети на вашето здравје. Така, докторка Лиза Акерли, позната по својот блог „The Hygiene Doctor“, дава совети како да ја одржувате чиста вашата постелнина:

1. Редовно бришете под креветот, перете ја постелнината на високи температури, по можност секоја недела, а доколку не сте во можност секоја недела, тогаш редовно перете ги вашите пижами, на пример на секои три дена. Најпрво треба да се ослободите од прашината. Избришете ја собата околу и под креветот, душекот на кој спиете, а перниците перете ги два пати годишно или пак однесете ги на хемиско чистење. Постелнината перете ја на 60 степени,а белата памучна постела можете и на 90 степени.

2. Ако не можете да се истуширате пред да отидете на спиење, задолжително треба да ги измиете вашите раце. Чувајте влажни марамчиња до вашиот кревет, а доколку имате куче или маче на кои им дозволувате да легнат до вас, ставете посебно ќебе за нив и бањајте ги секоја недела, па дури и почесто. Постелнината треба да ја миете почесто доколку некој од вашето семејство е болен, па поминува повеќе време во креветот.

Знаете ли колку често треба да ја менувате вашата постела?

Една британска компанија направила истражување на 2.000 луѓе за тоа колку често ја менуваат својата постелнина, а резултатите покажале дека секој петти испитаник не ги менува чаршафите ниту секој месец. Истото истражување покажало дека, кога станува збор за хигиената во спалната соба, жените се помалку внимателни од мажите, така што повеќе од половина не ја менуваат постелата секоја недела, а 12% од нив тоа го прават еднаш месечно. Во истата анкета се покажало дека околу 40% од мажите кои живеат сами, ги менуваат чаршафите еднаш неделно, а 8% тоа го прават и почесто.

Значи, промената на постелнината треба да ја прилагодувате според вашите животни навики, навиките за спиење и други. Докторка Лиза предупредува дека промената на постелнината не е само прашање на хигиена, туку дека може да влијае и на развој на многу болести.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар