Знаци кои покажуваат дека имате токсичен родител и како да се справите со него

Знаци кои покажуваат дека имате токсичен родител и како да се справите со него

Во токсичните врски спаѓаат и оние со родителите. Обично овие луѓе не ги третираат нивните деца со почит. Не прават компромис, не преземаат одговорност за нивното однесување и не се извинуваат. Често овие родители имаат ментално нарушување или сериозна зависност.

Знаци кои покажуваат дека имате токсичен родител и како да се справите со него

Секој живее со последици поради лошите постапки на родителите, но ако вашето детство било трауматично вие носите рани од навистина нефункционални родители. Ако не зараснале, вашите родители можат да ги прошират овие рани и навистина да го отежнат созревањето.

Додека растете можно е да не ги познаете токсичните родители. Вам тоа ви изгледа познато и нормално. Можеби сте во заблуда и не сфаќате дека сте емоционално малтретирани, особено ако биле задоволени вашите материјални потреби.

Токсично однесување

Постојат неколку прашања кои треба да си ги поставите во врска со вашите родители. Ако ова однесување е хронично, може да биде лошо за вашата самодоверба.

1. Дали претерано реагираат и создаваат сцени?

2. Дали емоционално ве уценуваат?

3. Дали често добивате чудни барања?

4. Дали се обидуваат да ве контролираат?

5. Дали ве критикуваат или споредуваат?

6. Дали ве слушаат со интерес?

7. Дали ве манипулираат, употребуваат вина и глумат жртва?

8. Дали ве обвинуваат и напаѓаат?

9. Дали преземаат одговорност и се извинуваат?

10. Дали го почитуваат вашите физички и емоционални граници?

11. Дали ги занемаруваат вашите чувства и потреби?

12. Дали ви љубоморат или ве споредуваат?

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТОКСИЧНИТЕ РОДИТЕЛИ

Ова ослободување е емоционален концепт и значи да не реагирате, да не ги сфаќате нештата лично и да не се чувствувате одговорни за туѓите чувства и потреби. Родителите лесно можат да ве изнервираат. Навистина е тешко да не реагирате на однесувањето на родителите за разлика од она на пријателите со кои сте на исто ниво. Дури и ако се преселите што е можно подалеку, можно е да имате проблеми со емоционалното ослободување.

Држете се до своето и поставете граници

Понекогаш може да биде невозможно да се однесувате здраво кога сте околу родителите. Границите се учат во семејството. Ако не ги следите можете да бидете тестирани од семејството, а најмногу од родителите. Можеби ви е тешко да поставите граници со вашите родители. Можеби имате мајка која ви ѕвони постојано или роднина кој постојано ви бара пари. Голема е веројатноста да бидете нападнати или обвинети кога ќе ги поставите вашите нови граници.

Може да биде тешко да се ослободите од врската со токсичните родители

Можеби ќе ви биде потребно растојание од родителите за да ги создадете границите кои не можете да ги поставите вербално. Некои луѓе целосно се оддалечуваат од нивните семејства поради ова или поради нерешени проблеми од детството. Оддалечувањето понекогаш е неопходно ако сте биле малтретирани. Но иако ова може да ја намали емоционалната напнатост, главниот проблем останува и може да влијае на сите ваши врски. Многу семејни терапевти сметаат дека најдобриот начин да станете независни од семејството е да работите на себе со терапевт, а потоа да го примените наученото со родителите.

Кога ги посетувате обрнете внимание на некажаните правила и на комуникацијата

Обидете се да се однесувате поинаку од улогата што сте ја имале додека сте растеле. Обрнете внимание на навиките и одбраните што ги употребувате за справување со анксиозноста. Запрашајте се од што ви е страв. Не заборавајте дека иако се чувствувате како дете со вашите родители, вие сте возрасна личност. Сега можете да си заминете за разлика од кога сте биле мали.

Ако во семејството се присутни малтретирање или злоупотреба на наркотици, размислете кои граници направиле да се чувствувате удобно. Некои од децата на родители зависници одбиваат да разговараат со нив или да ги посетуваат додека тие пијат или користат дрога. Можеби имате роднини кои ве притискаат да ги спасите родители, или сте во искушение да го направите тоа. Во тешките семејни ситуации, од голема помош ќе ви биде да разговарате со терапевт или некој пријател за да се ослободите од зависноста од родителите.

Неколку вистини за токсичните родители

Подобрувањето на врската започнува од вас, вашите чувства и однесувања. Понекогаш сè што треба да направите е да работите на себе. Ова не значи дека вашите родители ќе се променат, но ќе се промените вие. Понекогаш простувањето е неопходно или потребен е разговор. Размислете за овие нешта кога станува збор за вашето семејство.

1. Вашите родители не мора да се излекуваат за вам да ви биде подобро.

2. Оддалечувањето нема да ја излечи врската.

3. Вие не сте вашите родители.

4. Вие не сте лошите нешта што вашите родители ги кажуваат за вас.

5. Не мора да ви се допаѓаат вашите родители, но сепак можете да ги сакате и да бидете приврзани за нив.

6. Активната зависност или малтретирањето од родителите можат да ве провоцираат. Поставете граници и обидете се да не бидете толку приврзани за нив.

7. Не можете да ги промените или да ги спасите членовите од семејството.

8. Рамнодушноста, а не гневот и омразата, е спротивно од љубовта.

9. Ако мразите некого ќе ви биде потешко да се сакате себеси.

10. Гневот со кој не сте се справиле може да ве повреди.

Што можете да направите?

Можете да посетувате терапевт. Научете како да ги идентификувате малтретирањето и манипулацијата Научете како да ја зголемите вашата самодоверба и да закрепнете од срамот и траумата од детството. Најдете група што ќе ве поддржува и станете финансиски независни од родителите.

Погледнете ги и проблемите во однесувањето на децата за кои се виновни родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар