Животно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?

Животно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?

Луѓето денес од работата не очекуваат да добијат само пари, туку и смисла и задоволство. Со оглед на тоа дека луѓето сè повеќе време поминуваат на работа, можно е да се појават различни кризни ситуации и затоа треба тактички да се одбере кариера која одговара на типот на личноста.

Животно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?

Ова се шесте почетни чекори од животното школо „The School of Life“ кои водат до работата која ви одговара вам и која нема да ве прави да се чувствувате непријатно секој ден.

1. Прифатете го фактот дека е нормално да бидете збунети околу изборот на работата

Во прединдустрискиот период постоеле приближно 2.000 професии. Денес ги има околу пола милион. Затоа е многу лесно да се случи од нервоза и од преголемиот избор да не избереме ништо. Научниците тоа го викаат „парадокс на изборот“.

2. Спознајте се себеси

Ова е основата на психологијата. Не можеме спонтано да знаеме што е тоа што сакаме да го работиме. Не постои некаква предодреденост која ја добиваме на денот на нашето раѓање која ни вели дека ќе бидеме сметководител или фризер. Сепак, кога немаме план, ние се водиме од оние кои го имаат. Спознајте се себеси и преиспитајте се. Не дозволувајте парите да застанат пред вашите интереси. Напишете ги сите работи кои сакате да ги правите и немојте да пресметувате или да бидете критички настроени. На тој список може да се најде сѐ, од правење куќички на дрво до комбинации на облеки. Токму во тој список се крие идеалната професија за вас.

3. Размислете добро

Животната цел не се избира преку ноќ и сосема е во ред ако овој процес трае со месеци. Вложете малку повеќе труд за да не ја доживувате работата како ропство или како производ на вашите одлуки од студентските денови. Целосно посветете се на потрагата.

4. Пробајте нешто

Не треба само да замислувате како изгледа да работите на некое место. Така нема да имате никаков увид во реалноста. Пробајте да соберете што повеќе информации за таа работа и за луѓето од таа бранша. Пријавете се на пракса, волонтирајте таму или вработете се на одреден период.

5. Размислете за нештата кои ги прават луѓето несреќни

Секој стрес на некоја друга личност е работна можност за вас. Онаму каде што другите заостануваат, вие можете да ја најдете вашата шанса да тргнете напред. Пронајдете ги и проучете ги туѓите потреби за да започнете свој бизнис. Бидете иновативни и креативни.

6. Имајте самодоверба

Самодовербата може да биде главната разлика кога се споредуваат успехот и неуспехот. Самоуверените луѓе се поуспешни од другите. Тие не мислат дека само одредени личности можат да имаат високи функции. Самоуверените луѓе веруваат во себе и знаат колку вредат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар