Луди фотографии од луѓе кои се препнуваат, паѓаат и левитираат

Луди фотографии од луѓе кои се препнуваат, паѓаат и левитираат

Според Мајк Демпси, фотографот зад оваа серија, никој не бил повреден при реализацијата на овие луди фотографии. Можеби неколку модринки и гребнатинки, но според учесниците, тие не се бројат.

(2)-fotografii-od-moite-prijateli-koi-se-prepnuvaat-pagjaat-i-levitiraat-kafepauza.mk

„Кога почнав да се занимавам со фотографија не знаев како да користам Фотошоп, а имав голема страст за фотографии со левитирање и други форми на анти-гравитациски трикови. Моите пријатели секогаш беа подготвени практично да излезат од баланс и да се доведат во опасност само за да ми излезат во пресрет. Тоа ми помогна да усовршам концепти кои и ден денес практично ги користам“, вели Демпси.

За да се задржи автентичноста, но и безбедноста, за овие фотографии се користи каскадерски душек и скали. Практичноста кога субјектот е физички присутен во рамката придонесува кон автентични реакции и правилна поставеност на светлата. Покрај тоа скокањето на каскадерски душек е забавно.

„Каскадерскиот душек и скалите се најкористените алатки од мојата опрема и практично без нив не излегувам од дома“, дополнува тој.

Понатаму процесот на обработка на фотографиите се состои од додавање и одземање елементи од фотографијата. Крајниот резултат се невообичаени и забавни фотографии. Погледнете дел од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар