Жена со анксиозност му направила листа на момчето за тоа како да се справи со неа

Според Светската здравствена организација, анксиозноста е едно од најчестите ментални нарушувања и на глобално ниво страдаат 1 од 13 луѓе. Постојаните анксиозни и панични напади можат да имаат лошо влијание на животот и да ги отежнат дури и наједноставните секојдневни задачи. Сепак, повеќето луѓе кои не се соочиле со оваа болест не можат да ја разберат нејзината тежина. Покрај тоа, многумина се прашуваат што да прават кога некој нивен ближен страда од анксиозност.

Жена со анксиозност му направила листа на момчето за тоа како да се справи со неа

Актерката Келси Дарах која признала дека има панични напади и анксиозност споделила интимна листа што ја напишала за нејзиното момче. Со цел да му помогне да ја разбере нејзината состојба, таа напишала 15 нешта што тој може да ги направи за да ѝ помогне кога има паничен напад. Листата се прослави многу брзо. Ако вие или некој ваш близок го има овој проблем, оваа листа морате да ја прочитате.

1. Знај дека сум исплашена и сакам да можам да ти објаснам зошто, па те молам немој да паничиш или да ти стане здодевно од мене.

2. Најди ми ги лекарствата и натерај ме да ги земам.

3. Вежбите за дишење ќе ме фрустрираат, но тие се витални. Обиди се да ми го синхронизираш дишењето со твоето.

4. Прави нежни предлози за работи што треба да ги правиме заедно за да ми го одвлечеш вниманието од паниката. (Не кажувај ми што треба да правам и слушај ме кога ќе ти речам не за нешто)

5. За дисоцијативна паника – потсети ме дека ова се има случено и претходно и дека ќе помине! Не секогаш, но е навистина страшно кога се случува, па може да ми кажеш некои забавни факти за мене или нашиот заеднички живот.

6. Голтките вода се од помош, но не вели ми да јадам или да пијам бидејќи верувај ми, ќе ми се повраќа.

7. Продолжи да дишиш со мене!

8. Ако можеме да заминеме од местото каде што сме, однеси ме дома.

9. Те молам биди многу добар кон мене. Не се чувствувам како себе, посрамотена сум, веќе се чувствувам виновна што те терам да минуваш низ ова. Немој да се фрустрираш.

10. Понекогаш огромната долга прегратка ќе ми помогне да се чувствувам безбедно.

11. Да ми помогниш со дишењето ќе биде тешко но клучно!

12. Ако е навистина лошо јави ѝ се на мајка ми , сестра ми или пријателката на телефонот.

13. Кажи ми да не се спротивставувам, туку да му дозволам да помине. Колку повеќе се обидувам да го контролира, толку полошо ќе стане.

14. Сочувствувај се со мене. Можеби не ме сфаќаш, но ме имаш.

14. Штом ќе помине (околу час подоцна) започни разговор со мене за тоа. Како се справи? Што можеме да направиме следниот пат?

Погледнете ги и овие трикови што можат да ви помогнат доколку страдате од анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар