Здрава ужинка: Магично еднорог-смуди со прекрасен вкус

Здрава ужинка: Магично еднорог-смуди со прекрасен вкус

Ова смуди е одлична комбинација на здрави состојки, а симпатичната декорација го прави убаво и за око.

Здрава ужинка: Магично еднорог-смути со прекрасен вкус

Потребни состојки:
  • 150-200 милилитри јогурт
  • две шаки јагоди или малини
  • една до две банани
  • една лажица ленено семe
  • една лажица слад од урми
За декорација:
  • корнет за сладолед
  • една коцка бело чоколадо
  • една лажичка ленено или чиа семе
  • една банана
  • една лажица мусли
Начин на подготовка:

Сите состојки за смудито се ставаат во блендер и се мешаат додека да се добие густа смеса, која потоа се префрла во длабока чинија.

Со муслите се исцртува триаголник, врз кој се додава корнетот за сладолед. Две кружни парчиња банана се ставаат во горните агли на триаголникот. На нив може да ставите рендано бело чоколадо, кокос или излупени бадеми.

Очите исцртајте ги со ленено или чиа семе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар