Зошто мачките обожаваат да пијат вода директно од чешмата?

Вашата мачка можеби ги има најпрефинетите садови за храна и вода, но сепак кога и да ја чуе чешмата, доаѓа да пие директно од млазот? На мачките не им е битно дали пијат или јадат од фенси садови, а според ветеринарот Марти Бекер, има еволуциска причина за сето тоа.

Зошто мачките обожаваат да пијат вода директно од чешмата?

Една од можните причини е дека мачките можеби се сомничави за водата во садот, па нивниот природен инстинкт им вели дека отстојаната вода може да не е безбедна за пиење. Ваквата вода, според нив, може да е контаминирана и затоа тие веднаш дотрчуваат кога ќе ја пуштите чешмата, бидејќи во нивните глави, истечната вода е безбедна вода.

Зошто мачките обожаваат да пијат вода директно од чешмата?

Друга причина може да биде вкусот. Порцеланот или пластиката влијаат на вкусот на водата, кој може да им пречи на мачките, па затоа повеќе сакаат да се напијат свежа. Дури и кога преферираат да пијат од вашата стаклена чаша, тоа е затоа што стаклото не го менува вкусот на течноста која се наоѓа во него.

Иако за нас може да биде несфатливо како повеќе сакаат да пијат од чешма, наместо од сад, сепак да не заборавиме дека логиката на мачките е доста поинаква од нашата.

Потсетете се уште и што може да значат чудните однесувања на вашата мачка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар