Здрава, крцкава и вкусна ужина: Колачиња од банана и кокос

Кога ќе посакате за ужина нешто слатко и вкусно, а истовремено и многу здраво, тогаш пригответе ги овие прекрасни колачиња од банана и кокос

1-zdrava-krckava-i-vkusna-uzhina-kolachinja-od-banana-i-kokos-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 3 банани
  • 100 грама кокос
  • 150 грама овесни снегулки
  • 50 милилитри палмово масло или друго масло, по желба
  • Пола кесичка ванилин шеќер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Бананите изгмечете ги или пак смелете ги во блендер, за да добиете пире. Пирето од банани, овесните снегулки, кокосот и ванилинот шеќер измешајте ги заедно во чинија. Во тепсија ставете хартија за печење, а потоа ставајте по една лажичка од смесата. Печете помеѓу 15 до 20 минути.

2-zdrava-krckava-i-vkusna-uzhina-kolachinja-od-banana-i-kokos-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате, додадете парчиња сечкана, црна чоколада, па секако, вкусот ќе биде поубав. Колачињата чувајте ги во кутија или пластична кеса и не заборавајте го трикот дека доколку ставите парчиња леб во кесата или кутијата, колачињата ќе останат свежи подолго време.

3-zdrava-krckava-i-vkusna-uzhina-kolachinja-od-banana-i-kokos-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар