8 интересни факти за комарците кои можеби досега не сте ги знаеле
Летото полека се приближува, а со него почува и сезоната на комарците. Познати ли ви се летните вечери кога не можете целосно да уживате во нив затоа што тука се овие мали, досадни инсекти? Иако на секаков начин се обидувате да се ослободите од нив, тие повторно наоѓаат начин да ви се приближат и да ви досадуваат. Покрај тоа што знаете дека се неподносливи, во продолжение дознајте уште неколку факти за овие инсекти.
1. Комарците се најсмртоносните суштества на светот. Секоја година тие предизвикуваат смрт кај преку еден милион луѓе ширум светот (ширејќи маларија). Тоа е повеќе смрт отколку што предизвикува кое било друго животно.
2. Само женските комарци цицаат крв. Ним им треба крвта како извор на протеини со цел да произведат здрави поколенија. Но, исто како и нивните машки партнери, тие исто така мораат да јадат цвет и растителен нектар како хранливи материи.
3. Комарците може да цицаат 3 пати повеќе отколку што е тежината на нивната крв. А таа зависи од видот на комарците и може да изнесува некаде помеѓу 0,001 и 0,01 милилитри.
4. Она што прави убодот да ве чеша е нивната плунка. Тие ја внесуваат плунката кога каснуваат, затоа што содржи агенси коишто ја разредуваат крвта и ја ублажуваат раната (така што понекогаш не знаете ниту дека сте каснати). Но, повеќето луѓе се алергични на оваа плунка, па затоа потоа чувствуваат потреба од чешање.
5. Тие живеат подолго од останатите инсекти. Од ларви, па до целосно развиени комарци, нивниот животен век е од 2 до 3 недели.
6. Комарците сакаат бремени жени. Идните мајки ослободуваат повеќе јаглерод диоксид и топлина од телото, па затоа им се попривлечни на комарците. Инсектите исто така се забележуваат повеќе и крај луѓето коишто носат темна облека.
7. Пиењето пиво ве изложува на поголем ризик од комарци. Една студија направена со 25 здрави мажи покажала дека оние коишто пиеле пиво биле изложени на поголем ризик од каснување од комарци.
8. Комарците летаат од 1,5 до 2,5 километри на час. Тие замавнуваат со нивните крила од 300 до 600 пати во секунда, што е причина ние да го слушнеме нивното зуење уште пред да слетаат на нашето тело.