Здрава и посна чорба со спанаќ

Пробајте го овој стар рецепт за посна чорба која е совршена за студените зимски денови.

Здрава и посна чорба со спанаќ

Потребни состојки:

  • 200 грама спанаќ
  • 4-5 компири
  • 1 зелена пиперка
  • 2 моркови
  • 1 поголем домат
  • малку зелка
  • магдонос
  • 1 помал праз
  • 1 лажица брашно
  • пипер
  • зачини, сол и масло

Начин на подготовка:

  • На загреано масло запржете ги празот, пиперката и морковот, па додајте го останатиот исечкан зеленчук. Додајте пипер и вода.
  • Гответе на тивок оган за да се свари зеленчукот.
  • Додајте сол, зачини по желба и лажица брашно измешано со малку вода.
  • На крај додајте го исечканиот магдонос и доколку сакате, 2 чешниња исечкан лук.

Добар апетит!

Доколку ви е потребна идеја за посен десерт, пробајте ги овие чоколадни бомбици од само 5 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар