3 суптилни знаци кои покажуваат дека тој се вљубува во вас

Неискажаната љубов секогаш си го наоѓа патот до површината. Повеќето луѓе одат на состаноци токму поради неа – целта на речиси сите им е среќен крај со некого. Па доколку сте жена која е во потрага по совршениот партнер, сигурно се прашувате кои се знаците дека мажот се вљубува во вас.

3 суптилни знаци кои покажуваат дека тој се вљубува во вас

Некои од знаците се навистина очигледни – ви обрнува внимание, ве гледа во очи, минува време со вас или директно ви кажува дека ве сака. Сепак, има и друга страна на вљубувањето која не е секогаш искажана бидејќи може да биде застрашувачка. Но емоција силна како љубовта секогаш наоѓа начин да се покаже. Доколку се прашувате дали потенцијалниот партнер е вљубен во вас, обрнете внимание на овие знаци.

1. Воодушевен е од вашата уникатност

Ова е дел од почетната фаза кога умот не размислува многу и сака да го види само најдоброто кај партерот. Во овој период сакате сè во врска со него – недостатоците, навиките, па дури и неговото ‘рчење ви звучи како музика.

Кога маж се вљубува во вас, тој безусловно ги прифаќа вашите недостатоци. Нештата за кои се чувствувате несигурно, за него се фасцинантни. Тој ќе ве охрабрува да се прифатите и активно ќе се обидува да се поврзе со вас. Ова може да го направи така што ќе проба некое од вашите хобија или едноставно ќе ве гледа на одреден начин на кој вие не можете да се видите себеси.

2. Кај него има емоционална ранливост

Помеѓу знаците на вљубување се наоѓа и емоционалната ранливост. Ова не е најубавото искуство за мажите бидејќи тие не сакаат да се чувствуваат ранливо. Кога е со вас ова може да значи дека е под стрес или лесно да се нервира. Можеби е љубоморен или параноичен дека ќе го оставите. Ова не значи дека правите нешто погрешно, едноставно тој бара начин да ги регулира неговите емоции.

Не сите мажи го покажуваат овој знак, но го има кај многумина. Најчесто се појавува кај мажите кои имаат пониска самодоверба и ги тера да се прашуваат за нивната вредност и за тоа зошто девојка како вас е со момче како него.

3. Се формира длабока и широка поврзаност

Се разбира, во љубовта спаѓа и поврзаноста, длабоката и широка поврзаност. Ова често се манифестира низ разни аспекти во неговиот живот за кој тој ви дозволува да дознаете повеќе и да бидете дел од нив. Можеби ќе ве запознае со неговите пријатели или колеги. Можно е полека да ве претставува на неговото семејство или пак, да ве носи на настани што му се допаѓаат, односно да ве замоли да му се придружите.

Со сите спомнати нешта на ум, други важни елементи се свесноста и грижата. Кога мажот навистина сака да биде со вас, тој се фокусира на вас, прави нешта за вас без да ве праша, ве бакнува само затоа што сака, или со други зборови, почнал да се вљубува.

Погледнете и кои се трите фази на вљубување кај мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар