Зависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници...

Зависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници

Во комбинација со смартфоните доаѓаат и очекувањата и можностите да се биде достапен во секое време. Токму затоа сите ние почнуваме да запаѓаме во еден круг без излез каде што нашето работно време се претвора во 24-часовна ангажираност, или пак нашиот одмор воопшто не ја исполнува целта да се исклучиме барем неколку дена од останатиот дел од светот. Едноставно сите ние можеме да бидеме пронајдени во секое време и на секое место.

Зависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници...

И покрај тоа што можеби на почетокот ова изгледа примамливо и забавно, со тек на време сигурно сте почнале да забележувате дека малку по малку ве доближува до степен на лудило. Но, бидејќи веќе сте длабоко навлезени во замката на смартфоните, едноставно не знаете како да излезете… Во една неодамнешна студија, професорката Лесли Перлоу од Универзитетот Харвард открила дека доволни е само неколкучасовна исклученост на ден со цел да ја подобрите вашата продуктивност и да се чувствувате ослободени од оваа технологија. Погледнете како да го сторите тоа…

1. Не заборавајте дека вие го контролирате смарфонот, а не тој вас

Првото нешто коешто треба да си го признаете на себе е дека вие сте оние кои одлучувате да одговорите на повикот или на мејлот. Секако, смартфоните го поедноставуваат овој процес, но пред нив компјутерите и доцните работни часови беа главните виновници. Секогаш ќе има дополнителна работа која мора да се заврши, но вие мора да научите како да поставите граници кои ќе ви бидат од корист и дома и на работа. Зависноста од мобилниот телефон може да е знак дека едноставно претерано работите и дека премногу сте вклучени во вашата кариера, додека пак истовремено го запоставувате вашиот личен живот.

2. Не го поканувајте целиот свет во вашиот кревет

Смартфоните се средство за поврзување со луѓето. Токму затоа доколку станува збор за ситуација во која не би поканиле друга личност физички да присуствува, не го правете тоа ниту преку мобилниот телефон. Вашата спална соба треба да биде простор за одмор во кој ќе бидете сами или пак, со вашиот партнер. Токму затоа турнете го мобилниот телефон вон вашиот дофат и уживајте во поврзаноста со вистинско човечко суштество.

3. Поставете ги границите кои ќе ве водат кон животот кој искрено го посакувате

Луѓето се однесуваат кон вас онака како што вие ќе им дозволите. Доколку одговорите на повик по 20 часот навечер, тогаш им давате знак дека тоа е во ред и токму затоа не можете да ги обвинувате доколку тие почнат тоа постојано да го прават. Поставете ги границите онака како што на вас ќе ви биде најудобно и најпријатно, без разлика дали ќе престанете да одговарате на повици по 18 часот или пак, ќе го проверувате мејлот само еднаш во текот на вечерта.

4. Исклучете го вашиот смартфон доколку навистина не ви е потребен

Обидете се да одолеете на искушението доколку можете. Ако сте на пикник со вашите пријатели или пак, ако имате слободен викенд само за вас, земете го мобилниот телефон со вас, но натерајте се да го исклучите. На овој начин доколку итно ви е потребен, ќе можете во кое било време да го вклучите, но доколку немате потреба од него тој нема да ви пречи во вашиот ден.

5. Вие не сте толку важни колку што мислите дека сте

Во центарот на нашата зависност од поврзаноста се наоѓа верувањето дека светот ќе се сруши доколку не одговориме на повикот во рок од 5 секунди. Доколку сте на одмор и решите да се исклучите работата, не грижете се, вашата компанија ќе успее да се снајде неколку денови без вас. Доколку го исклучите мобилниот во текот на вечерта, вашите клиенти ќе научат дека понекогаш треба да бидат потрпеливи. И да бидеме целосно искрени, со или без смартфонот, во денешниот дигитален свет секој може во кое било време да ве најде, доколку навистина има потреба од вас. Токму затоа не грижете се за сите оние „итни“ сценарија кои ви се вртат во вашата глава и обидете се да си дозволите барем на кратко да се одморите од постојаното гледање во екранот на вашиот мобилен телефон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар