Затегнете го секој дел од нозете: Едноставна вежба за внатрешниот дел од бутовите

Затегнете го секој дел од нозете: Едноставна вежба за внатрешниот дел од бутовите

Дури и на жените кои редовно вежбаат им се случува да заборават да се посветат на некои делови од телото, кои подоцна се двојат од останатите и со својот изглед го нарушуваат целиот труд кој го посветиле во затегнување на мускулите.

1-zategnete-go-sekoj-del-od-nozete-ednostavna-vezhba-za-vnatreshniot-del-od-butovite-kafepauza.mk

Кога се работи за нозете, најчесто забораваме на внатрешната страна на бутовите.

За да не ви се случи тоа, во својата фитнес рутина воведете ја едноставната вежба која се вика сумо клекнување. Таа доста брзо ќе ги затегне вашите бутови и совршено ќе ги обликува.

Изведувањето на вежбата е многу едноставно, а сè што ви е потребно е малку простор и тег или шише полно со вода.

Застанете во расчекорен став и со двете раце земете го тегот помеѓу нозете. Рацете нека ви останат исправени и спуштени надолу. Почнете да клекнувате користејќи ги мускулите на нозете, а рацете со тегот спуштајте ги надолу.

1-zategnete-go-sekoj-del-od-nozete-ednostavna-vezhba-za-vnatreshniot-del-od-butovite-kafepauza.mk

Во подигнувањето на телото вклучете ги и стомачните мускули со цел грбот и колената да се ослободат од притисокот.

Правете барем по 3 серии со 12 повторувања.

Погледнете ги сите верзии од оваа вежба и одлучете како ќе вклучите во вашиот тренинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар