Запомнете ги овие 3 нешта доколку размислувате да се откажете од вашиот сон

Постојат деца чии родители постојано им велат да сонуваат и дека нивните соништа со тек на време ќе се остварат. Но, постојат и деца на кои им се вели да не сонуваат воопшто и за само еден момент целиот ентузијазам од нивното детство се одзема. Многу често, токму тие деца растат во возрасни кои не се борат за своите соништа. Размислете, дали вреди да се живее доколку немате сон? Дали тоа што ви се случува навистина може да ве разубеди да ги напуштите вашите соништа? Доколку сепак планирате да го направите тоа, тогаш не ги заборавајте следниве 3 нешта…

Запомнете ги овие 3 нешта доколку размислувате да се откажете од вашиот сон

1. Не заборавајте зошто

Не постои човек на кој не му е потребно „зошто“. Без причината, без разлика на вашите патишта, вие нема да можете да продолжите да се движите напред. Деновите ќе ви стануваат подолги, а ноќите потемни и одеднаш ќе се најдете во безнадежна ситуација, постојано размислувајќи дали можеби сте направиле грешка. Понекогаш вашето „зошто“ може и да се смени, но тоа не значи дека новиот одговор не е важен. Баш напротив, тој е уште поважен од претходниот. Доколку немате одговор за причината која ве тера да се откажете од вашите соништа, тогаш сè уште не треба да го сторите тоа.

2. Не заборавајте дека не сте сами

Сигурно сте го чуле ова илјадници пати, но ниту еден човек не може да постигне нешто сам. Никој не успева без соодветната помош, шанса, надеж… Многу е лесно да заборавиме дека не мора сè да правиме сами и дека нашите соништа многу полесно можат да се остварат доколку се осмелиме да побараме помош. Токму затоа побарајте ја помошта, со скромност и сила, и обидете се да го погледнете вашиот сон од друга перспектива. Можеби тој сепак сè уште има смисла да постои. Од друга страна, не заборавајте и секогаш да им помагате на оние околу вас.

3. Не заборавајте дека дури и најголемиот неуспех вреди повеќе отколку да не пробате воопшто

Размислете, дали длабоко во вашето срце верувате дека ја правите правилната работа? Дека сте дале сè од себе? Ние секогаш знаеме дали целосно сме се вложиле во тоа што го посакуваме или пак, поради некои причини едноставно сме се воздржувале. Доколку сте се посветиле 100% на вашиот сон и не сте успеале, тогаш токму тој успех може да ви биде повреден отколку откажувањето пред време, бидејќи ќе ви донесе многу надеж и храброст. Ако ништо друго, барем ќе можете да кажете дека конечно за нешто сте се бореле со сета ваша сила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар