Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Многумина од нас не можат да му одолеат на помфритот и покрај тоа што сите сме свесни дека е нездрава опција. Затоа, ако одлучивте да ги намалите килограмите или едноставно сакате да се храните поздраво, можете да ги испробате овие јадења кои се здрава алтернатива на помфритот.

Помфрит од тиквички со пармезан

Тиквичките имаат многу помалку јаглехидрати од компирите. Една тиквичка со средна големина има само 4 грама јаглехидрати, додека компирот со истата големина има 15 грама јаглехидрати. Покрај тоа, тиквичките не содржат глутен и се одлична опција за здрава, вкусна закуска. Доволно е да ги премачкате со јајце и пармезан и да ги ставите да се печат во рерна околу 20 минути, а потоа да посипете сол и црн пипер. На вас останува само да го изберете сосот.

Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Чипс од кељ

Иако не е целосна замена за помфрит, чипсот од кељ совршено ја задоволува желбата за солено и многу поздрава опција од помфритот и чипсот, а покрај тоа, и лесно се приготвува. Сè што ви е потребно се листови од кељ, маслиново масло и сол. Друга добра работа за кељот е што не содржи многу калории и јаглехидрати па така можете да го консумирате во кое било време.

Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Помфрит од авокадо

Доколку обожавате авокадо, ќе ви се допадне овој рецепт. Парчињата авокадо премачкајте ги со бадемово брашно или пармезан и пржете ги на масло. Ќе добиете помфрит кој е крцкав однадвор, а сочен однатре. Авокадото е полно со здрави масти така што не морате да се ограничувате во поглед на количината.

Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Слатки компири

Доколку не ви се допаѓаат горенаведените опции со помалку јаглехидрати, можете да пробате со сладок компир. Слатките компири се карактеризираат со речиси истата количина на јаглехидрати, но за разлика од обичниот компир, содржат повеќе влакна, антиоксиданси и витамин А. Покрај тоа, тие имаат понизок гликемиски индекс па затоа имаат помало влијание врз нивото на шеќерот во крвта.

Замена за помфрит: Крцкави опции кои се подеднакво вкусни!

Откако ги прочитавте нашите опции како замена за помфритот, можеби ќе сакате да прочитате и како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар