За што жените најмногу ги лажат мажите?

За што жените најмногу ги лажат мажите?

Постојат тајни кои жените сакаат да ги чуваат само за себе и никогаш да не ги споделат со својот партнер. До најинтимните женски тајни дошле американските научници кои анонимно испитувале 700 жени и дошле до занимливи податоци. За ова најчесто лажат жените.

За што жените најмногу ги лажат мажите?

За бројот на мажи со кои спиеле

Оние жени кои имале поголем број партнери со кои имале сексуални односи никогаш нема да му ја признаат точната бројка на својот партнер.

За изневерување

Минатото треба да остане во минатото. Така мислат дури 32% од жените кои признале дека во текот на некоја претходна или сегашна врска го изневериле партнерот. Најчести причини се некакво незадоволство, досада, минлива заљубеност, чувство на посакуваност или едноставно силна привлечност.

За оргазмите

Дури 48% од жените признале дека за време на сексот барем еднаш одглумеле и тоа од проста причина да не го разочараат или повредат партнерот.

За контакт со бивш партнер

Скоро 75% од испитаните жени барем еднаш имаат премолчено разговор (на мобилен или електронски) или излегување на пијалак со поранешниот партнер.

За мечтаење и фантазирање за друг маж

Иако е нормална појава, ретко која жена на својот партнер ќе му признае дека за време на сексот го замислува како друг партнер.

За мастурбација

Секоја четврта жена во врска, мастурбира неколку пати неделно, додека секоја трета признава дека понекогаш гледа филмови за возрасни кога е сама дома.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар