За самохраните мајки: 7 совети за воспитување машко дете без татко во семејството

За самохраните мајки: 7 совети за воспитување машко дете без татко во семејството

Родителството е тешко дури и кога се вклучени и двајцата родители, па можете само да замислите колку едвај издржливо може да биде кога е вклучен само едниот од нив. Кога станува збор за самохраните мајки, тие ненамерно и без да знаат често прават една од овие две грешки – или се претерано строги или се премногу попустливи. Со цел да знаете дали сте на вистинскиот пат, погледнете ги следниве 7 совети од психолозите.

1. Детето во првата година почнува да го открива својот идентитет

Во оваа фаза му е потребна женска, но и машка слика за да ги имитира и тие особини. Најдобро е таткото да биде покрај него, но доколку тоа не е можно, тогаш нека поминува повеќе време со друга машка фигура од семејството – чичко, тетин, дедо…

2. Има потреба од татко-херој

Без оглед на тоа со што се занимавал неговиот татко, потребно е да му го претставите во добро светло. Не треба да го обезвреднувате во очите на најмалото и да креирате слика на чудовиште, без разлика колку ви згрешил. Задржете го тоа мислење за себе или додека малиот не порасне доволно за вистински да ја разбере болката која ви нанел, а во меѓувреме овозможете му и тој да има татко-херој.

3. Треба да се изложи на позитивно машко влијание

Читајте му книги на вашиот син каде што се појавуваат добри мажи – чесни, лојални, љубезни и со сите останати особини што сакате тој да ги присвои. Нема да згрешите ни со витезите што се борат за најблиските против злото.

4. Внимавајте да не претерате со вниманието

Не треба да го сожалувате вашиот син само затоа што не може да расте со татко. Мајката не треба постојано да „виси“ над главата на своите деца и да ги штити од сè, вклучувајќи го и самиот живот. Баш напротив, ова е одлична шанса да го научите на одговорност така што ќе ви помага со домашните обврски уште од мали нозе.

5. Не дозволувајте да станете жртва на мајчинството

Мајките што претерано ги чуваат своите синови, подоцна се претставуваат себеси како „жртви“ кои целиот свој живот го посветиле на нив. Децата кои растат во вакво опкружување постојано чувствуваат вина, па тоа ќе им влијае и на нивните љубовни врски кога ќе пораснат.

6. Не претворајте го детето во ваш родител

Детето што пораснало со мајка која глумела жртва, може да порасне во возрасна личност која чувствува потреба постојано да ѝ помага на својата „кутра“ мајка и да не може да изгради здрави врски надвор од овој круг. Дозволете му на детето да порасне без чувство на вино и разговарајте искрено за овие нешта со него дури кога ќе биде доволно зрело да ве разбере.

7. Не откажувајте се од својот љубовен живот

Ако се појави маж во вашиот живот, треба да бидете подготвени на тоа дека син ви ќе биде љубоморен. Затоа и мора отворено да разговарате со него постојано. Особено ако нештата стануваат посериозни и размислувате за брак. Подгответе го детето соодветно, без разлика колку е мало.

Бонус совет: Не компензирајте за отсуството на таткото со подароци и други материјални нешта. Едноставно бидете му мајка и бидете покрај него. Ништо друго нема да му треба.

Прочитајте ги и овие 5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар