За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

За да ви биде потопло во зима треба да го нагодите механизмот на вашите ПВЦ прозорци и врати во зимски режим.

За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

ПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите се сè почест избор во нашите домови затоа што лесно се подесуваат и подолго ја задржуваат температурата во домот. Она што е особено корисно е тоа што ваквата столарија има опции за подесување кои во зимскиот период се особено значајни.

Прозорците треба да се подмачкуваат

Металните делови како шарките, бравите, системите за заклучување и кваките се одржуваат така што повремено се бришат и се подмачкуваат. Најмалку еднаш годишно е потребно да ги подмачкате сите подвижни делови од прозорецот.

Подмачкувањето се прави со посебно масло за подмачкување, но ако немате, тоа може да го направите и со обично сончогледово масло. Вашите прозорци ќе ви се оддолжат преку долгогодишното лесно ракување со нив и нивното беспрекорно функционирање.

Вашите прозорци треба да ги подесувате според годишното време

На есен прозорците и балконската врата треба да ги подесите на „зимски“ режим на овој начин:

Отворете го прозорецот и пронајдете го механизмот за затворање. Шрафот на страната каде што се наоѓа рачката, близу металниот дел наречен шарка, треба да го завртите навнатре со „инбус-клуч“. При вртењето со клучот шрафот се врти околу својата оска и на тој начин се регулира потисната сила на рамот на прозорецот и притисокот.

При местењето на овој тип прозорци најчесто режимот кој се остава за користење е стандарден. За да откриете во кој режим се наместени вашите прозорци вметнете лист хартија меѓу прозорецот и рамот и повлечете. Ако листот излезе без проблем тогаш вашите прозорци се наместени во „летен режим“, а ако при вадењето на листот хартијата се скине, тогаш се во „зимски режим“.

Зошто не е препорачливо да ги оставите прозорците само во „зимски режим“ во текот на целата година?

Вие може и така да ги оставите, но набрзо ќе мора да ги промените деловите на прозорецот. Кај „зимскиот режим“ притисокот на гумите за заштита на прозорците е значително поголем. Ако постојано го отворате и затворате прозорецот, како што правиме летно време, гумата целосно ќе се потроши, а за да ја замените ќе треба да повикате мајстор.

Се спремате за ладната зима? Направете ја и оваа декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар