Најавантуристичките хороскопски знаци кои буквално се родени за да бидат нескротливи

Најавантуристичките хороскопски знаци кои буквално се родени за да бидат нескротливи

Значењето на авантурата е субјективно, но дефинитивно има некои луѓе кои се поавантуристички од другите. Ова се најавантуристичките хороскопски знаци, затоа што буквално се родени за да бидат диви: Овен, Стрелец и Водолија.

Најавантуристичките хороскопски знаци кои буквално се родени за да бидат нескротливи

Ајде да видиме каков е авантуризмот кај секој од овие знаци.

Овен: Тој би направил сè во потрагата по адреналин

Управуван од Марс, планетата на енергијата и страста, Овните не сакаат ништо повеќе од добар предизвик. Ова е еден од главните огнени знаци кој постојано е во потрага по возбуда, затоа што тие би направиле сè за да го почувствуваат адреналинот кој доаѓа на неочекуван начин. Значењето на адреналинот за нив повеќе е од физички аспект, благодарение на импулсивноста на Марс, нивниот планетарен водич. Но тоа, сепак, произлегува од нивната желба да доживеат нови искуства. Овните се „морските прасиња“ од Зодијакот, што значи дека не им е проблем да преземаат ризици и да одат до крај.

Стрелец: Сака животот да го живее до максимум

Авантурата е синоним за Стрелците. Овој променлив огнен знак е роден за да талка низ далечните земји и попатно да открие колку што е можно повеќе. Учењето, истражувањето, зборувањето различни јазици и акумулирањето километри во патувања им се некои од омилените работи на Стрелците. Управуван од среќниот Јупитер – планетата на експанзијата, можностите, учењето на повисоко ниво, образованието, патувањата и вербата – Стрелецот претпочита вистински да живее секој ден и да извлече максимум од секој момент. Тој смета дека нема што да изгуби, па преземањето ризици е неговиот омилен начин на поминување на времето.

Водолија: Тие природно се бунтовници во срцето

Се чини дека Водолиите се „вонземјаните“ во Зодијакот, но нивната неверојатна автентичност оди подалеку од нивниот планетарен владетел Уран, љубител на научната фантастика. Креативни и иновативни, оние претставници на воздушните знаци, не би можеле да се вклопат во толпата, дури и ако се обидат. Водолијата повеќе би сакала да се „одлепи“ од толпата, отколку да ги следи правилата или традициите. Живеат слично како Лавовите, што значи дека се подготвени да направат сè за да бидат во центарот на вниманието, па дури и ако тоа значи започнување на револуција. За Водолијата, да се биде авантурист е единствената логична работа.

Погледнете и кои хороскопски знаци не знаат за компромис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар