За помалку проблеми со слухот, свирете на некој инструмент

За помалку проблеми со слухот, свирете на некој инструмент

Светски познатиот музичар, Лудвиг Ван Бетовен, можеби бил тотално глув, но најновите истражувања покажуваат дека доколку свирите на било каков инструмент, на постари години слухот сè уште ќе ве служи. Истражувачите откриле докази дека оние кои се занимаваат со музика во текот на животот, можат да имаат многу помалку проблеми со слухот отколку оние кои никогаш не отсвириле ниту една нота.За помалку проблеми со слухот, свирете на некој инструментПретходно се знаеше само дека музичарите имаат поразвиени аудитивни способности од сите останати. Ова ново истражување е првото кое го истражувало слухот на лица од 18 до 91 година. Со него се докажало дека музичарите можат да си ги одложат проблемите со слухот и до 20 години.

Во истражувањето, 74 музичари на возраст од 19 до 91 година и 89 луѓе кои не се занимаваат со музика на возраст од 18 до 86 години, учествувале во серија задачи на звучни процени. За музичари биле одбрани луѓе кои почнале да ја изучуваат науката на возраст од 16 години, се занимаваат со музика до денешен ден и најмалку 6 години непрекинато посетувале настава. Од друга страна, останатите учесници биле луѓе кои немале контакт со науката.

Испитаниците биле ставени во просторија изолирана од звук и 4 часа исполнувале задачи, по кои се докажало дека музичарите имале евидентно поголема предност кога станува збор за слухот. На просечна возраст од 70 години, музичарите можеле да разберат говор во гласна средина, исто колку што можел просечен 50-годишен човек кој не се занимавал со музика.За помалку проблеми со слухот, свирете на некој инструмент

„Она што ние го откривме е дека музичарите на постари години имаат многу подобар слух, одложувајќи ги проблемите кои ги носи староста. Ова е заклучено откако е споредено со врсници кои немаат допирни точки со музиката“ – вели Бенџамин Рич Зендел, од институтот „Baycrest’s Rotman“, Торонто.

Сепак, има и предупредување. Познати музичари патат од проблеми со слухот и делумна глувост, како и од тинитус, како резултат на преголема изложеност на гласна музика.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар