Вознемиреност кај децата: 15 работи кои може да им ги кажете за да ги смирите

Вознемиреност кај децата: 15 работи кои може да им ги кажете за да ги смирите

Анксиозноста е една од најчестите состојби што го мачат општеството во моментов. За жал, вознемиреноста кај децата во последно време е на сè повисоко ниво. Родителите понекогаш не успеваат да разберат низ што минуваат нивните деца, затоа што веруваат дека тие се сè уште мали, но тоа не е точно.

Вознемиреност кај децата: 15 работи кои може да им ги кажете за да се смират

Огромниот притисок од врсниците или поради училишните задачи може да нанесат голема штета врз децата, а тоа води до тоа тие да страдаат од анксиозност. Да се биде родител е неверојатно тешка и предизвикувачка работа, но и покрај тоа треба се сфати секој аспект од тоа да се биде одговорен родител.

Кога станува збор за анксиозност кај децата, вие како родител, треба да направите сè што е во ваша моќ за да им помогнете на децата да се изборат со таквата ситуација.

Што можете да направите за вашето дете да се ослободи од грижите?

Едноставното тапкање по грбот веројатно нема да го смени начинот на размислување на вашето дете кога тоа е вознемирено. Но, има и други нешта што може да ги направите за тоа да се чувствува помалку стресно и посигурно да се соочи со нештата што го вознемируваат.

Кажете му ги овие 15 нешта за да го ослободите вашето дете од грижи:

1. Знам дека се плашиш

Тоа значи дека ги разбирате неговите емоции.

2. Сфаќам дека ова е тешко

Со оваа реченица му кажувате дека ја сфаќате неговата состојба.

3. Дојди да те гушнам

Така ќе му помогнете на детето побрзо да се опушти и да ја надмине тешкотијата.

4. Диши длабоко

Предложете му на детето да ја стави левата рака на стомакот, а десната над срцето, а потоа полека да вдиши низ нос и да издиши низ уста. Тоа ќе ја промени нивната физиолошка состојба.

5. Размислувај за тоа кога си бил/а среќен/на

Тој среќен спомен или среќно место може да биде плажа, патување или некое доживување. Дозволете му на детето да се наврати на тие спомени за да ги трансформира своите емоции.

6. Ајде да пееме

Студиите покажуваат дека пеењето го намалува стресот и ве прави посреќни. Затоа, започнете да ја пеете омилената песна на вашето дете, а може и да танцувате заедно.

7. Кажи ми нешто повеќе за тоа што те мачи

За да го ослободите детето, дозволете му да зборува за тоа што го мачи. Така ќе покажете интерес и ќе го активирате неговиот рационален мозок, за полесно да ја сфати ситуацијата.

8. Што ти вели срцето, а што мозокот?

На тој начин вашето дете ќе размисли за своите емоции. Срцето можеби им вели дека е исплашено да не добие единица, но мозокот му вели дека учело и дека ќе успее.

9. Што е најлошото што може да се случи?

Кога детето ќе помисли на неговите грижи како тие веќе да се случиле, проблемот се намалува. Тоа може нема да биде избрано да игра фудбал во моментот, но тоа искуство ќе го мотивира да се бори повеќе следниот пат.

10. Што би сторил твојот супер херој во оваа ситуација?

Секое дете има некој пример на кој се восхитува. Сигурно и тоа би можело да постапи како својот омилен супер херој во некои ситуации.

11. Дај сè од себе

Вашето дете треба да знае дека совршенството не постои, но дека вложениот труд ќе го доведе до посакуваната цел.

12. Како би сакал/а да се чувствуваш?

Кога одите на лекар вашето дете е исплашено. Наместо да се фокусира на стравот, тоа може да се фокусира на храброста. Вие треба да го потсетите на тоа.

13. Се сеќаваш ли кога…?

Децата често се преоптоваруваат со моменталните чувства и мислат дека тие никогаш нема да исчезнат. Потсетете ги дека нивните емоции се минливи.

14. Како да ти помогнам?

Детето најдобро знае што му треба од вас. Прашајте го како да му помогнете. Понекогаш и самото држење за рака може да биде делотворно.

15. Те сакам

Искреното искажување на тоа како се чувствувате кон него, за вашето дете ќе биде како топло ќебенце кое нуди сигурност и среќа. Така тоа ќе сфати дека ќе го сакате без разлика на сè и полесно ќе ја надмине ситуацијата.

Запомнете: Вие сте најдобриот пример за вашето дете, затоа бидете смирени и секогаш подготвени за разговор.

Можеби сакате да ги откриете и осумте причини поради кои децата малтретираат други деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар