Војнички метод за заспивање со чија помош ќе заспиете за само две минути

Овој метод може да се пронајде во книгата „Опушти се и победи: Перформанс за шампионат“ (‘Relax and Win: Championship Performance) од авторката Шерон Акман. Според неа, овој метод може да им помогне на луѓето брзо да заспијат без разлика на тоа каде се наоѓаат – токму затоа и го користат американските војници.

Сè што треба да направите е да се опуштите. Акман тврди дека на овој начин ќе заспиете за само две минути.

„Американската морнарска школа развила научен метод за заспивање во какви било услови, и дење и ноќе. По шест недели пракса, 98% од војниците заспивале за максимум 2 минути. Дури и оние кои пиеле кафе и оние кои во позадина слушале истрели“, пишува авторката.

Најпрво потребно е да го испразните вашиот ум од сите мисли што ви минуваат низ глава. Да го направите тоа, потребно е да ги опуштите мускулите на лицето. Потоа опуштете ги рамената, па рацете. Потоа издишете и опуштете ги градите, па нозете.

Во наредните 10 секунди исчистете ги мислите така што ќе замислите дека лежите во мрачна соба на удобен кауч. Ако имате проблеми со опуштањето, на глас изговарајте ја наредбата: „Не размислувај!“ Правете го ова онолку време колку што ќе ви треба за да заспиете.

Ако сте направиле сè како што треба, вие лесно ќе потонете во сон. Секако со повеќе вежбање заспивањето ќе доаѓа побрзо. Акман тврди дека ова е посебно корисен метод за луѓето во војска што се наоѓаат во опасни ситуации, како и за оние што послабо се носат со стравовите од војна.

Прочитајте и зошто спиењето во различни кревети може да направи чуда за вашиот брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар