Внимание! Штиклите се опасни по живот!

Внимание! Штиклите се опасни по живот!

Вистина е дека женските нозе изгледаат фантастично во чевли на високи штикли. Тие со нивната висина може да ја подигнат вашата самодоверба. Но, ова не значи дека треба да го жртвувате своето здравје поради тоа. Редовното носење штикли може да предизвика многубројни проблеми. Нив слободно може да ги обвиниме за проблемите како што се: болки во грбот, плускавици, испакнати коски на нозете, но виновни сте и самите – бидејќи ги носите секојдневно. Затоа умерете ја вашата љубов кон нив.

1-vnimanie-shtiklite-se-opasni-po-zhivot-www,kafepauza.mk_

Последиците од редовното носење штикли при секојдневните активности не се реално прикажани во филмовите и сериите. Одењето во супермаркет, стоењето во редица во банка и возењето во јавен превоз не се прилики во кои би требало да носите штикли. Но, ако погледнете една епизода од серијата „Сексот и градот“ ќе забележите дека реалноста таму е поинаква. Постојат жени кои можат да истрчаат маратон во штикли и оние кои се толку добри во нив што циркусантите за нив изгледаат како аматери, но никој не тврди дека тоа е добро. На секого му е потребен одмор. Следниот пат кога ќе поминете пет часа во штикли од 10 см сетете се на вашите стапала и запрашајте се што тие ви згрешиле за да ги казнувате на тој начин.

2-vnimanie-shtiklite-se-opasni-po-zhivot-www,kafepauza.mk_

Ова се најчестите болни точки и проблеми кои ги предизвикува константното носење штикли.

1. Проблем со држењето

Штиклите ја туркаат телесната тежина нанапред и така ги преоптоварувате колковите.

2. Болка во колената

Неправилното држење врши притисок на внатрешното колено. Внатрешното колено е најчеста болна точка кај жените кои патат од артритис и остеопороза, а притисокот што се врши на коленото може да се зголеми за 26% доколку носите штикли.

3. Оптоварување на бутовите

Кога ќе облечете штикли, бутовите мора да се прилагодат на новата висина и аголот под кој стои ногата, т.е. мускулите се затегаат.

4. Болка во ахиловите тетиви

Бидејќи предниот дел е спуштен, Ахиловата тетива се затегнува, што по некое време може да стане многу болно.

5. Деформитет на петите

Грубите штикли може да ја иритираат петата и може да ја зголемат. Овој деформитет се нарекува Хаглундова болест.

3-vnimanie-shtiklite-se-opasni-po-zhivot-www,kafepauza.mk_

6. Повреда на зглобовите

Штиклите влијаат на балансот и рамнотежата на личноста која ги носи, па затоа може лесно да паднете. Падот може да предизвика изместување или кршење на зглобот.

7. Искривени коски на стапалата

Тесните штикли може да предизвикаат болен раст на коските во коренот на палците и да го промени нивниот агол кон останатите прсти.

8. Мортонова болест

Високите и тесни штикли може да го задебелат ткивото околу нервот помеѓу третиот и четврт прст, што како резултат создава голема болка и губење на чувството во прстите.

9. Искривени прсти

Во високите и тесни штикли прстите се постојано згмечени, дури и испреплетени. За жал, доколку често носите штикли оваа состојба може да продолжи да трае дури и кога ќе носите удобни чевли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар