Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса, бидејќи таа нема да ви даде трета. Ако ја повредите повторно, таа ќе си замине без ронка грижа на совест, бидејќи знае дека веќе дала сѐ од себе. Таа ви дала втора шанса кога повеќето девојки би ве напуштиле без око да им трепне.

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса

Не е нејзина вина ако повторно погрешите. Немојте да погрешите повторно. Нема да го сторите тоа ако можете да ја согледате нејзината вредност. Нема да го сторите тоа ако сфатите дека таа е најдоброто нешто што ви се случило.

Иако таа е доволно силна за да ви прости, тоа не значи дека ќе го прифати вашето претходно однесување. Не значи дека ќе ви прогледа низ прсти за тоа. Таа многу добро знае што заслужува. Таа е свесна дека сте ѝ дале само половина од тоа што ви го дала вам и нема да ја толерира таквата нерамноправност. Но, за ваша среќа, нејзиното срце е доволно големо за да верува дека можете да научите нешто од вашите грешки и дека можете да станете подобри.

Таа не одлучила да ви даде втора шанса затоа што има ниска самодоверба, ниска самопочит и ниски стандарди. Таа ви дава втора шанса, затоа што има силни чувства кон вас. Таа се надева дека ќе можете да изградите врска што ќе трае засекогаш.

Немојте да ја сфатите погрешно! Нејзината втора шанса не значи дека таа ќе дозволи да се повтори историјата. Тоа не значи дека ќе можете да ја „сакате“ на истиот начин како што сте ја сакале претходно. Тоа значи дека таа ви дава шанса да постапите поинаку овој пат. Да ја почитувате како што требало да ја почитувате уште на почетокот.

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса, затоа што таа не се откажува од луѓето кои ѝ значат. Таа разбира дека ќе правите грешки во текот на врската. Таа сфаќа дека не сте совршени. Не е совршена ниту таа самата. Најважно е тоа што таа знае дека имате потенцијал да се промените.

Ако сакате да ја задржите во вашиот живот, мора да ја направите таа промена. Мора да станете таков партнер каков што таа заслужува да има. Кажете ѝ збогум на незрелоста што сте ја покажувале во минатото.

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса, бидејќи вашата врска поминала низ толку многу среќни периоди што таа е подготвена да ги заборави лошите. Таа е подготвена да заборави на сета болка што сте ѝ ја нанеле, само доколку ѝ дадете едно единствено ветување. Само доколку ветите дека никогаш повторно нема да ја повредите.

Ако сепак го сторите тоа, ќе ги изгубите сите шанси. Нејзината љубов и добрина ја принудуваат да ви даде втора шанса во моментов, но нема да имате неограничен број шанси. Ќе имате само уште една.

Немојте да ја потрошите залудно. Бакнувајте ја како никогаш досега. Прегрнувајте ја кога ќе ѝ биде потребна вашата прегратка. Држете ја цврсто и секојдневно потсетувајте ја колку се грижите за неа. Потрудете се овој пат. Дајте ѝ го она што го заслужува.

Вљубете се во девојката која ќе ви даде втора шанса, бидејќи таа ве сака толку многу што ви дозволува да почнете од почеток.

Доколку се двоумите дали да му простите на партнерот или партнерката кои ве повредиле, прочитајте зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар