Вкусно смути од шумски плодови

Вкусно смуди од шумски плодови

Брзо, едноставно и диетално смуди од шумски плодови. Се приготвува за неколку минути и има одличен вкус.Вкусно смуди од шумски плодовиПотребни состојки за две чаши смуди:

  • 3 полни раце боровинки или црни рибизли
  • 1 чаша сок од портокал или ананас
  • 250 грама обезмастено кисело млеко
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Сервирајте во чаша. За диеталниот ефект да биде поголем, јадете го смудито со кафена лажица. На тој начин, свежиот и вкусен енергетски оброк брзо ќе ве засити.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.