Вкусни и топли сендвичи: Рецепт за корнети од тесто за пица

Вкусни и топли сендвичи: Рецепт за корнети од тесто за пица

Со корнетите од тесто за пица можете да експериментирате како што сакате. Ладните корнети се сервираат со салати, како што се салатите со моркови и павлака или пак со колбаси. Кога се топли, тие се нај вкусни во комбинација со стопено сирење и омилените додатоци.

Вкусни и топли сендвичи: Рецепт за корнети од тесто за пица

Потребни состојки:

За корнетите:

  • 10 г свеж квасец
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 160 г брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • околу 100 милилитри топла вода

За филот:

  • 150 г шунка
  • 150 г сирење моцарела
  • 10 маслинки (без семки)
  • 150 милилитри доматен сос

Начин на подготовка:

  1. Промешајте го квасецот во малку топла вода, а потоа додадете шеќер и оставете го да се активира.
  2. Потоа во брашното додајте го квасецот, солта и маслото и додавајте топла вода по потреба. Месете го тестото, a потоа оставете го на топло додека не нарасне.
  3. Кога тестото ќе нарасне, набрашнете ја масата и од тестото направете топче. Потоа направете круг и поделете го на четири еднакви делови.
  4. Користете корнети за сладолед или калапи кои ќе ги завиткате во алуминиумска фолија, а потоа и со тестото. Печете ги за 12 до 15 минути на 180 степени, а потоа извадете ја фолијата.
  5. Кога ќе се оладат, внатрешноста премачкајте ја со сос од домати и додајте рендана моцарела, шунка и сечкани маслинки. Печете додека сирењето не се стопи.

Пробајте го и овој рецепт за портобело „пица“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар