Интервју со Елена Грнчарова: Единствената блогерка од Македонија која соработува со светски глобални брендови

Интервју со Елена Грнчарова: Единствената блогерка од Македонија која соработува со светски глобални брендови

Елена Грнчарова е единствена во Македонија која соработува со светски глобални брендови, па и со наши. Соработува и со најдобрата Retail компанија за мода Revolve и е една од четирите модни блогерки на Балканот кои успеале да соработуваат со нив. Таа е мајка на две мали принцези и исто така соработува и со добри детски брендови. Покрај модното блогерство, Елена е голем поддржувач на жените кои се борат со рак на дојки.

Во продолжение прочитајте од каде потекнува нејзината љубов кон модата и какви совети би им дала на сите оние кои сакаат да започнат со модно блогерство.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

1. Дали можеш да ни кажеш нешто за тебе? Која всушност е Елена? На колку години започна со модно блогерство?

Љубовта кон модата ја имав отсекогаш. Имав убаво детство така што сум била прилично мала кога од обични ќеси правев фустани и пантолони. Тогаш следев и гледав канали за светска мода и сѐ поврзано со мода, стил, дизајн, итн. Подоцна со текот на времето, продолжив со истото хоби и започнав да имам уште поголема желба да се вклучам во тој сектор со што се одлучив да завршам струка за мода и дизајн.

2. Што те инспирираше да започнеш со таа кариера?

Инспирација ми беа сите тие светски настани како Golden Globes, The Academy Awards, Fashion Runways, MTV awards. Најинтересно ми беше кога некоја славна личност ќе биде прашана каков модел на фустан носи или штикли, од кого е дизајнот, итн. Тоа ми даваше инспирација дека сакам да сум на било кој начин вклучена во светот на модата. Во 2014 година започнав со модното блогерство. Имено бев и првата девојка во Македонија која имаше моден блог и тогаш најчесто имав соработки со македонски брендови и повеќе бев насочена кон домашниот пазар. Со модниот блог завршив пред две години, а гордо го користев четири години. Моментално не работам со нашиот пазар, но пресреќна сум за целото искуство и сите убави соработки кои ги имав со нашите брендови и компании. Сега сум насочена кон светскиот маркет и морам да признам дека е разликата е огромна кога станува збор за модно блогерство со домашни соработки и модно блогерство со странски и актуелни модни брендови.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

3. Дали почетокот беше тежок и дали имаше моменти во кои сакаше да се откажеш? Дали имаше поддршка од твоите најблиски?

Почетокот беше тежок, пред сѐ, бидејќи баш на самиот мој почеток бев два пати бремена за краток период и имав тешки бремености, но за цела среќа се породив со живи и здрави деца. Тие сега се мојата најголема инспирација, мотивација и поддршка. Секако дека немаше да успеам во ништо доколку немав поддршка и од најблиските, а пред сѐ од мојот сопруг.

4. Која позната личност ти е модна инспирација? Како би го опишала твојот личен стил и дали омилените стилисти/модели имаат влијание врз твојот стил?

Имам повеќе, но би ги издвоила Камила Коељо и Кјара Ферањи. Веќе неколку пати сликав за колекцијата на Камила Коељо и е една преголема чест да се биде дел од тоа. Кога станува збор за мој личен стил, тој секогаш се менува, бидејќи го одредувам по тоа што моментално е актуелно. Можете да го видите тоа на мојот профил на Инстаграм. Секој месец има некој нов тренд, некоја нова колекција. Секако дека омилените стилисти имаат преголемо влијание врз сечиј стил, а не само врз мојот. Како и да е, поголемо влијание имаат дизајнерите. Веќе два пати сликам за креации од познатиот Мајкл Костељо. Можам да кажам дека стилистите и сите други во областа на модата би биле ништо, доколку немаат генијални дизајнери кои креираат маестрални и легендарни колекции.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

5. Кои се позитивните и негативните страни на модното блогерство? Дали можеш да ни раскажеш повеќе за некој момент од твојата кариера кој ти оставил најголем позитивен впечаток?

Има доста позитивни и негативни ситуации. Ќе кажам дека позитивно е кога веќе сте на успешен пат и заработувате доволно за да живеете од тоа. Исто така е многу убаво, бидејќи секогаш учите нешто ново, дознавате нешто ново, и се развивате постојано. Јас лично запознав многу светски блогерки преку Инстаграм. Останав и во контакт со нив и некогаш можеби и ќе направам некоја соработка или фотосесија со некоја од нив. Никогаш не се знае што може да ти донесе тоа што го работиш со цело срце и со премногу љубов. Негативни страни на блогерството знаат да се брендовите и компаниите кои некогаш бараат премногу и се доста неразумни. Исто така, како и во секоја област исто и во оваа има премногу негативци кои шират омраза. Луѓето можат слободно да критикуваат доколку тоа е конструктивно. Би рекла дека тоа воопшто не допира до мене. Најбитна е самодовербата.

6. Покрај модното блогерство на Инстаграм дали имаш некои други интереси и хоби? Како изгледа твојот нормален ден?

Покрај модното блогерство обожавам да гледам филмови и да вежбам, но омилено хоби ми е времето поминато со моите две мали ќеркички Каја и Никол. Обожавам да ги слушам, гледам, гушкам и да растеме заедно. Децата се вистинската смисла и богатство во животот.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

7. Дали можеш да ни кажеш повеќе за кампањата за поддршка на жените кои се борат со рак на дојки?

За кампањата можам да ви кажам дека сум овде за да ги поддржувам без разлика дали е преку Инстаграм, донирање или совети. Кампањата и организацијата им помагаат на жените на многу начини. Прекрасни се!

8. И за крај, како би ги охрабрилa другите луѓе да започнат со блогерство на Инстаграм? Која е тајната на успешните блогери?

Секој кој што има желба за модно блогерство може да се приклучи во секое време. Желбата и љубовта кон модата сама по себе прави да се прилагодите на секој нов тренд. Некогаш може да се комбинира и светско и наше и од ништо да се направи нешто. Тоа е една од поентите на еден моден блогер. Сѐ друго ќе го научите со текот на времето и ќе се развиете. Ние што неколку години го работиме ова сѐ уште учиме секојдневно по нешто ново. Секој може да научи било што сѐ додека му посветува внимание на тоа што го работи со желба и срце. Бидете свои и позитивни, бидејќи животот е чудо.

Прочитајте и за модната блогерка која покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар