Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

Доколку обожавате кајсии, зошто не го пробате нашиот денешен рецепт за вкусни и сочни мафини со кајсии? Прочитајте го во продолжение!

Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 80 милилитри масло
  • 210 милилитри јогурт
  • 300 грама брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 300 грама кајсии
  • шеќер во прав
  • бадеми

Начин на подготовка:

1. Во сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Измијте ги, исчистете ги и исечете ги на помали парчиња кајсиите. Најдобро е кајсиите да се средно меки, а не тврди и кисели. Оставете ги настрана.

2. Во друг сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете шеќер и убаво измешајте. Додадете масло, измешајте, па додадете јогурт и убаво измешајте. Во таа смеса додадете брашно измешано со прашок за пециво, па сè убаво промешајте.
На крај додадете ги сечканите кајсии.

3. Во секоја дупка од калапот за мафини ставете хартиени корпи и во нив прелијте ја подготвената смеса и наросете сечкани бадеми. Печете во рерна загреана на 180 степени целзиусови сè додека не добијат убава кафена боја одозгора. Печените мафини оставете ги во калапот околу 5-10 минути, а потоа извадете ги. Пред сервирање посипете ги со шеќер во прав. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за рецепт за мафини со кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач од кајсии.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар