Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

Искористете го свежото овошје и направете одличен домашен сладолед

Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

Потребни состојки (за 8 сладоледи):
  • 150 г свежи јагоди
  • 2 презреани праски
  • 10 поголеми листови од нане
  • 3 супени лажици шербет
  • 360 мл ладна вода

Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги јагодите, 1 супена лажица шербет и 120 мл вода и блендирајте додека состојките не се спојат добро. Земете 8 калапи за сладолед (може да ви послужат и пластични чаши со погодна форма), и наполнете 1/3 од смесата со јаготките. Во секој од калапите ставете по едно дрвено стапче за сладолед и оставете ги во замрзнувач 10-15 минути, додека смесата не почне да се зацврстува.

Праските исечете ги на пола, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Во блендер ставете ги праските, нането, 2 супени лажици шербет како и преостанатата вода, и блендирајте додека смесата не стане хомогена. Додајте ја смесата во калапите за сладолед и оставете да се замрзне добро.

Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

Совет:

За да направите шербет, искомбинирајте еднаква количина вода и шеќер и ставете ги на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Оставете смесата да се олади.

Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.