Вистинските причини за вашите проблеми со концентрацијата

Вистинските причини за вашите проблеми со концентрацијата

Мислевте дека ќе постигнете големо ниво на концентрација со пиење еден енергетски пијалак или пак, дупла доза кафе, кое притоа ќе биде одличен „материјал“ за нова Инстаграм фотографија? На крај, сепак ќе сфатите дека тоа не делува и дека вашето фокусирање на учењето, работата или која било друга активност е многу лошо. Размислете, можеби телото и умот ви даваат сигнали дека нешто потајно им недостига.

1-7-vistinski-prichini-koi-ja-poprechuvaat-vashata-koncentracija-www.kafepauza.mk_

Немојте да се навредите доколку некој ви каже дека имате мозок како бубачка, бидејќи тој се обидува на суптилен начин да ви укаже на слабиот фокус и лошото помнење. Ако и самите сте забележале дека нешто не е во ред и дека моќта на концентрирањето ви е сѐ послаба, откријте кои се вистинските причини за тоа и применете ги овие мали трикови со кои вашата меморија повторно ќе биде совршена.

1. Чувствителност или интолеранција на храна

Се чувствувате изнемоштено, безволно и постојано без енергија? Можеби треба да започнете да ја анализирате на храната којашто ја внесувате во организмот, но и дали имате нетолерантноста на одредени производи. Иако многумина сметаат дека од „сѐ по малку“ е вистинскиот рецепт за долг и здрав живот, многу истражувања покажуваат дека одредени производи може лошо да влијаат не само на вашиот стомак, туку и на вашата енергија која дава информација на мозокот дека не сте подготвени да се фокусирате на одредена работа.

Баш кога сте стигнале до крајот на страницата од книгата, сфаќате дека ништо не сте запомниле. Безброј пати сте помислиле дека вашата другарка е премногу разгалена, бидејќи ѝ пречи лактозата, или дека секое ваше одење во маркетот се претвора во агонија, бидејќи таа мора да го пронајде баш тој производ без глутен. Наместо да стоите зачудени и полни со предрасуди, подобро позајмете го бројот од нејзиниот нутриционист и направете ваш тест за чувствителност на храна, кој не боли, а може да биде феноменален за целиот ваш организам.

2. Перфекционизам

Постои можност дека никогаш не сте размислувале за ова, но тежнеењето сѐ да биде под конец може да го доведе вашиот мозок до потполно лудило. Нормално е дека тежнеете кон совршенство, но исто така сосема е во ред ако не биде онака како што сте замислиле. Немојте да бидете прегруби кон себе и кон другите, бидејќи тоа може целосно да ве исфрли од својата оска. Чашата треба да стои на подлогата, но и доколку се случи тоа да не биде така, не е ништо страшно.

Се надеваме дека не сте оној вид мажи и жени кои веднаш враќаат сѐ на своето место, туку сфаќаат дека за сѐ постои добра причина. Не дозволувајте непотребните ограничувања да ве попречуваат да заблескате на вистинското место во вистинското време поради недостатокот на концентрација која ја предизвикувате со вашите перфекционистички барања.

3. Предменструален синдром

Умирате за слатки, немате волја за секс, сакате да сте сами на светот, а плачењето е задолжителен дел кој нема никаква врска со некоја тажна песна, туку со вашите зголемени хормони. Што точно се случува? Па, неколку дена пред менструацијата жената влегува во период кога нејзините хормони лудуваат, како што сме сигурни дека веќе знаете, поради што можете да почувствувате сериозна вртоглавица, депресија, главоболка, па и желба за повраќање.

Точно е дека секоја девојка го поминува ПМС периодот на свој начин, но ако спаѓате во групата на оние кои тешко го преживуваат и на кои концентрацијата не им е на видик, пробајте со детоксикација на телото. Всушност, во тие денови вашата исхрана треба да биде базирана на овошје и зеленчук. Месото заменете го со риба, добри јаглехидрати и морски плодови. Знаеме дека ова ќе ви биде најтешко, но обидете се во овие денови да го избегнувате чоколадото за кое тврдиме дека тогаш е најпримамливо.

2-7-vistinski-prichini-koi-ja-poprechuvaat-vashata-koncentracija-www.kafepauza.mk_

4. Лоша крвна слика

Ниското ниво на железо во организмот ја влече нашата когнитивна интелигенција заедно со него во пропаст. Поради тоа, способноста да размислувате, да заклучувате и да ги забележувате работите околу себе е многу мала, па неопходно е да ја земете работата во свои раце доколку не сакате трајни последици. Научниците тврдат дека четиримесечното внесување производи богати со железо може навистина трајно да ја подобри способноста на фокусирање.

5. Листа на задачи

Седнавте на масата, приготвивте чај и се подготвивте да ги спроведете вашите планови на дело. Но, одеднаш се сетивте дека не сте ја поставиле најновата фотографија на Фејсбук, вашата мајка сѐ уште го чека вашиот одговор и баш сега ви падна на памет поштата што требаше да ја испратите уште вчера. Полека. Иако ви делува дека имате концентрација, сепак треба да знаете дека таа е „потрошлива роба“.

Направете сопствена листа на обврски. Сигурно ќе се чувствувате подобро, попродуктивно и ќе забележите дека времето сте го искористиле на вистинскиот начин. Доколку го правите спротивното, вашиот ден во канцеларијата, читалната или во извршувањето на другите обврски ќе биде залудно потрошено. Затоа, купете го вашиот омилен шарен бележник во кој ќе ги забележувате вашите обврски, ќе решавате една по една задача и ќе гледате како вашата концентрација, но и волја растат.

6. Кофеинот не е во добри односи со празниот желудник

Кога ќе го прескокнете појадокот и ќе испиете кафе или црн чај на празен желудник, автоматски на своето тело му давате сигнал дека е време за кортизол, познат како стрес хормон. Овој систем го тера организмот буквално на преживување, без разлика на тоа што мислите дека вашата омилена напивка ќе ве разбуди и размрда. Всушност вашето ниво на внимание од тој момент е катастрофален. Опаметете се. Пригответе си појадок полн со протеини, масти и јаглехидрати, нахранете ги телото и умот, а потоа уживајте во кофеинот.

7. Тргнете го телефонот од масата

Сигурни сме дека не е возможно да се замисли животот во 21 век без паметен телефон на кој денес правиме апсолутно сѐ. Според многу психолози, првиот чекор кон подобра концентрација е да се оддалечете од вашиот мобилен доколку сакате да бидете продуктивни. Кога работите, шетате или пак гледате филм, телефонот оставете го во чантата. Секако дека ќе се јавите доколку некој ве бара, но нема да „висите“ на Инстаграм додека седите со пријателите или додека сте на вечера со вашиот партнер.

Ако имате премногу работа во канцеларијата, а вашиот поглед веќе после половина минута е на телефонот, јасно ви е дека нема да биде ништо од таа работа. Вашата концентрација на одредена работа или личност ќе биде дефинитивно многу поголема доколку овој мал уред не биде во ваша близина, бидејќи знаете дека тој постојано го држи вниманието.

Преминете на следната страница за неколку совети како да ја подобрите вашата концентрација…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар