Вистинска или минлива љубов? 25 прашања што ја откриваат вистината за вашиот интимен живот

Терапевтката и лиценцираната советничка за ментално здравје Џиани Адамо составила листа од 25 прашања што можат да ја разоткријат вистинската состојба на вашата љубовна врска. Прашањата се поделени во 5 основни категории што се клучни за иднината на секој љубовен однос – емоции, потреби, комуникација, вредност и иднина. Ако имате какви било двоумења за вашата врска, одговорете ги прашањата и со сигурност ќе сфатите на каде оди вашата љубов, како и што можете да преземете за да ја зацврстите.

vistinska-ili-minliva-ljubov-25-prashanja-shto-ja-otkrivaat-vistinata-za-vashiot-intimen-zhivot-www.kafepauza.mk

ЕМОЦИИ

1. Кога сме заедно, дали се чувствувам пријатно и среќно или тажно, збунето и фрустрирано?

2. Го почитувам таков каков што е или сакам да го променам?

3. Ме почитува ли тој мене или не се грижи за моите емоции?

4. Го ценам ли неговото влијание на мојот живот или се чувствувам како да ме користи?

5. Кога ги споделувам своите мисли, емоции и грижи, дали ме слуша и одговара со емпатија или не ме разбира?

ПОТРЕБИ

6. Дали врската ни е подеднакво важна?

7. Дали секогаш сме тука еден за друг или мора да го молам секој пат кога ми треба?

8. Постои ли баланс во нашиот однос или јас сум таа што ја одржува врската во живот?

9. Дали моите потреби му се подеднакво важни како неговите или ги игнорира на сметка на своите?

10. Дали го извлекуваме најдоброто еден од друг или покрај него се чувствувам како родител што мора да внимава на своето дете?

КОМУНИКАЦИЈА

11. Уживам ли во нашите разговори?

12. Дали ме разбира и ме следи додека разговараме?

13. Верувам ли во неговите зборови или се чувствувам манипулирано?

14. Дали ги зема предвид моите ставови кога имаме различно размислување или секогаш ме „поткопува“?

15. Дали можам без проблем да му кажам „не“ или моето „не“ никогаш не се почитува?

ВРЕДНОСТИ

16. Имаме ли слични погледи кон светот и ставови?

17. Останувам ли верна на своите ставови или сум ги изгубила во оваа врска?

18. Дали нашите животни стилови се совпаѓаат?

19. Дали тој е финансиски одговорен и има план за иднината или живее од ден за ден?

20. Дали и двајцата во иста мера ги цениме искреноста, отвореноста и преданоста во врската?

ИДНИНА

21. Ме вклучува ли во своите планови, одмори и фамилијарни собири или сум негова „тајна“ девојка?

22. Дали секогаш е јасен во однос на тоа што го сака од животот или избегнува такви разговори со мене?

23. Дали искрено сум му објаснила што очекувам од врската и што ми треба за да бидам среќна?

24. Дали тој може да ми ги овозможи овие нешта?

25. Дали му е важна мојата среќа и дали може да се замисли себеси покрај мене во иднината и дали му е важна нашата долготрајна заедничка среќа?

Тестирајте ја дополнително вашата љубов: 5 прашања кои откриваат дали вашата врска е во криза!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар