Ветеринар открива што им се случува на милениците во последните мигови од животот

https://www.kafepauza.mk/zivot/dokolku-vasheto-mileniche-go-pravi-ova-vednash-odnesete-go-na-veterinar/Секој сопственик на домашно милениче ќе ви каже дека неговиот миленик е многу повеќе од тоа. Колкави и да се, каква и да е нивната исхрана и желбата за шетање, милениците постануваат членови на семејството. Затоа, кога губиме милениче, чувствуваме како да сме се збогувале со член на семејството. Но, треба да имаме на ум дека и нему му е потребно нашето присуство, поддршка и грижа во тие последни моменти од животот.

Ветеринар открива што им се случува на милениците во последните мигови од животот

Ниедно милениче не треба да страда од осаменост во најтешките времиња од својот живот. Затоа, сите оние кои чуваат миленик треба да го прочитаат ова.

Има два вида луѓе: оние кои сакаат да бидат внатре со своето милениче кога го лекуваат или трајно го заспиваат на ветеринар и оние кои не сакаат. И едните и другите си имаат причини. Текстов е за оние вторите.

Еден ветеринар го споделил на Фејсбук својот цврст став за она што треба да се направи во ваквите ситуации. Неговиот пост набрзо стана вирален. Тој нè потсетува на едно едноставно нешто – кога воведуваме милениче во нашиот живот, мора да бидеме свесни дека еден ден тоа ќе почине. Да, тоа ќе биде многу тажен настан, тоа не е спорно. Но, мора да бидеме тука за него до самиот крај. Не треба да ги напуштаме нашите миленици кога сме им потребни.

„Не дозволувајте преминот од животот кон смртта да им биде во соба полна со непознати луѓе на место што нив не им се допаѓа. Тие ве бараат вас кога ги оставате и си заминувате.“

Ветеринар открива што им се случува на милениците во последните мигови од животот

Најлесниот начин да разберете што вашето милениче чувствува во овој момент е да се обидете да се ставите себеси на негово место. Кога ќе го направите тоа, ќе сфатите дека „тие не разбираат зошто сте ги оставиле кога се болни, стари или умираат од рак“. Нив им е потребна утеха и вие треба да им го обезбедите тоа.

Според личното искуство на овој ветеринар, кога миленичето е пред својата смрт, единственото нешто што тоа го бара е неговиот сопственик. Ова е многу логично и очекувано. Секој би се чувствувал така. И ние луѓето ги бараме блиските и саканите во моментите на тага, болка и страдање.

Д-р Еван Шо има евтанизирано многу миленичиња во текот на неговата ветеринарна пракса. Еве што тој вели на оваа тема:

„Имам многу клиенти кои повторно се враќаат и така дознав дека луѓето кои не се присутни на самиот крај од животот на нивното милениче сметаат дека тоа е една од работите за кои најмногу жалат во некој подоцнежен период.

Сосема ми е јасно дека е многу тешко, но смртта е дел од животот и треба да се искуси преку процес на тагување“

Па, откако го прочитавте ова, размислете два пати пред да го оставите вашето милениче само во соба полна со непознати луѓе и предмети кога тоа ги има последните воздишки. Нашето последно влијание врз животот на нашето милениче треба да биде позитивно. Не оставајте ги само со нивниот доктор, кој ќе биде оној кој ќе им го заврши животот.

Држете ги за шепата за последен пат во моментите на болка и страв. Љубете ги и ценете ги сè до последниот момент.

Тагувањето за вашето милениче е нормално. Ако некој од вашите роднини или пријатели мисли поинаку, тоа е нивно мислење. Истражувањата потврдуваат дека за голем број луѓе губењето миленик е споредливо со губење на сакана личност.

Чувањето милениче е голема задоволство, но и голема обврска. Треба да бидете спремни на двете.

А доколку вашето домашно милениче го прави ова, веднаш однесете го на ветеринар!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар